Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Летонецот кој ги затвори приодите кон кошот на Њујорк се борел со анемија

Кристапс Порзингис е еден од оние нови клинци во НБА кој е доказ дека играчи како Новицки ќе имаат свои наследници. Германецот за него изјави: Небото е граница за тоа дете.

Ноле, стекот и првиот состанок

Во обид да ја импресионира својата тогашна девојка а сега сопруга Јелена, 18-годишниот Новак направил сè што можел во моментот. Проблемот бил во тоа што не знаел што е тоа што го нарачал за неа, па кога им донеле се стаписал.

ПСЖ се скара со М.И.А. поради дрес во спот за мигрантите

Пари Сен Жермен бараше преку Универзал Мјузик да се тргне спотот за песната Граници (Borders) на англиската пеачка М.И.А. затоа што видеото ја нарушувало престижната репутација на клубот.

Имате несоница? Гледајте француско првенство

Мечот Олимпик Марсеј - Генгам влезе во историјата на француската лига како еден од најздодевните по сите параметри, а стручњаците во студиото на Канал плус почнале да се прозеваат и да дремат.

ФИФА го избрка човекот кој продаваше карти на црно

Светската куќа на фудбалот го разреши Жером Валке од функцијата генерален секретар.

За кого гласале Меси и Роналдо последните шест години

Иако велат дека се почитуваат, двајцата ривали никогаш не гласаат еден за друг кога е во прашање Златната топка. Гласовите најмногу им ги делат на клупските колеги, а Меси не го пропушта Иниеста.

Тајсон Фјури избран за боксер на годината

Реномираниот весник The Ring кој од 1928-ма ја врачува наградата за најдобар боксер на изминатата година, во конкуренција на Флоид Мејведер јуниор, Саул Алварез, Генадиј Головкин и Роман Гонзалес го избра Британецот Фјури.

Ја добиваат ли секогаш најдобрите Златната топка?

Тоа е дебата на која и нема крај бидејќи многу великани не беа ниту еднаш прогласени за најдобри во светот. Кога ќе им ги прочитате имињата ќе посмилите дека ФИФА направила многу пропусти бидејќи од нив се прави ол стар тим со силна клупа.

Кошаркар требал да биде тренер на Милан

Силвио Берлускони и Адриано Галијани, како свежи спортски работници на почетокот на ’80-те години го идеализирале ликот на Ден Питерсон, поранешен американски кошаркар и тренер во Олимпија Милано кој сакале да го прават фудбалски тренер.

Фудбалер vs девојка му, еден на еден

Алехандро Бедоја кој игра за Нант се проба со девојка му на терен која е инаку поранешна фудбалерка. Тоа оди вака.

Зошто во Бундес нема екипи од Источна Германија?

Клубовите од Источна Германија се познати по перспективните играчи и лудите навивачи, но не и по резултатите. Последен клуб од истокот испадна од Бундеслигата пред шест години. Зошто овој дел од Германија живее практично без најдобар фудбал?

Враќај се Ферги, на Олд Трафорд нема голови

Навивачот кој задрема на Олд Трафорд по се изгледа дека треба сосема да го разбереме после оваа статистика која е доказ дека Манчестер Јунајтед не е повеќе оној Манчестер кој го знаеме.

Три пати ја промаши црвената и загуби фрејм

На Мастерсот во Лондон се случи сосема необичен настан во модерната снукер историја. Во шестиот фрејм од мечот од првата рунда меѓу Шон Марфи и Марк Ален, вториот водеше со 3:2 кога бранителот на титулата три пати по ред ја промаши црвената топка и го загуби фрејмот.

Тери, Џерард и сите кои му честитаа на Меси

Меси по петти пат ја доби најпрестижната награда на ФИФА, Златната топка за најдобар фудбалер на светот. Во изобилството гласови и честитки, најмногу му значеа оние најрелевенантните, од колегите на теренот.

Каков беше светот кога Арсенал последен пат освои титула

Сега кога Арсенал е сè поблизу до трофејот по кој очајува 12 години, избунаривме што се случуваше во светот таа 2004-та кога Топџиите никому не оставија шанса во Англија.

Ова не е за себични

Акцијава оди вака: 8 додавања од кои 7 на прва и гол. Толку. Ама оди напрај го ова да те видам.

Интер донесе профит, Милан разочара

Со само три фатени натпревари Klose направи профит од 206 кредити изминатава недела.

Еден, два, три па чучни

Брентфорд се обиде да го збуни Бирминген со два живи ѕида, но тоа не се прави така. Јапонците ќе им покажат.

Меси vs Роналдо 5:3

Аргентинецот Лео Меси по петти пат е избран за најдобар фудбалер на светот и на тој начин ја прекина двогодишната доминација на Кристијано Роналдо. Меси ја добиваше Златната топка од 2009 до 2012.

И Пеле знаеше да промаши

И покрај тоа, вреди да се гледаат и неговите промашувања, како на пример акцијата кога издрибла петмина играчи на Црвена Ѕвезда. Ова се 10 најголеми промашувања на фудбалерот кој беше прогласен за најдобар на 20-ти век.

За Јувентус се чита повеќе од Меси и Роналдо

Седми најпосетен сајт за 2015-та е оној на Википедија. Во Италија повеќе читале за Валентино Роси отколку за Интер и Милан.