Британската банка која го спонзорираше најелитниот фудбал во светот во изминативе 15 години стана спонзор на Премиер лига во 2001 година на местото на пивото Карлинг.
Спонзорскиот договор со Премиер лигата само во 2015 година изнесуваше 40 милиони фунти, но поради лошо раководење банката влезе во загуби од 20 милијарди фунти.
И покрај тоа што називот нема повеќе да стои во Barclays Premier League, сепак тие ќе останат “официјална банка“ на Премиер лигата.
Челните луѓе на лигата одлучија да ги прошират спонзорските договори и да ги поделат во категории како на Олимписките игри. На пример спортската компанија Најк беше официјален спонзор на фудбалски топки.
Премиер лигата е формирана во 1992 година и е најгледана фудбалска лига во светот која имаат можност да ја пратат на телевизија над 4,7 милијарди луѓе во 212 земји.