Тројца од најплатените кошаркари во историјата потекнуваат од НБА драфтот во 1996 година. Многумина од нив сè уште на некој начин се поврзани со кошарката, а има и учители по математика, бизнисмени и аналитичари на ЕСПН. Само Коби од оваа листа сезонава беше активен играч.
Ален Ајверсон - прв пик на драфтот од Филаделфија

По пензионирањето влезе во финансиски проблеми, но сè уште снима реклами за Рибок и има фонд од 32 милиони долари. Неодамна влезе во Куќата на славни кошаркари.

Маркус Кемби - втор пик на драфтот од Торонто Рапторс.

Отвори берберница во Хјустон во 2014-та, а последен пат играше пред 3 години за Њујорк Никс.

Шариф Абдул Рахим – трет пик на драфтот од Ванкувер Гризлис

Беше извршен директор на Сакраменто Кингс со години се до летото 2014 година. Во 2001 година отвори фондација за помош на деца и семејства во Атланта. Ко-основач е на инвестициска компанија за недвижен имот.

Стефон Марбери – четврти пик на драфтот и трампан во Минесота Тимберволвс.

Откако се бореше со депресија и ја остави НБА лигата во 2009-та стана легенда во Кина, а во Пекинг му направија Статуа.

Реј Ален – петти пик на драфтот и трампан во Милвоки Бакс

И покрај гласините за враќање во НБА во Мајами или Кливленд, Ален ги одби понудите, а неговата последна сезоната беше 2013/2014.

Ентоан Вокер – шести пик на драфтот избран од Бостон Селтикс.

Изјави дека загубил повеќето од парите кои ги заработил во НБА (110 милиони долари) и сега работи за да им помогне да спортистите во планирање на своите финансии.

Лоренцен Рајт – седми пик на драфтот во 1996-та кој во 2010-та беше пронајден мртов на 34 години. Полицијата го испитува случајот како убиство, но случајот останува нерешен.

Кери Китлс – осми пик на драфтот од Њу Џерси Нетс

Работеше за инвестициска банка, а неодамна се појави на спортско ТВ шоу „Во внатрешноста на универзитетската кошарка“. Беше ко-основач на IQ Sports Solutions која прави длабоки спортски анализи.

Самаки Вокер – деветти пик на драфтот од Далас Маверикс

Откако играше за Кина, Сирија и Либан и беше уапсен во 2011-та, отвори компанија која се занимава која има програми за развој на НБА кошаркарите.

Ерик Дампер – десетти пик на драфтот избран од Индијана Пејсерс

Имаше долга и успешна кариера во НБА лигата која му траеше до 2012 година. Заработи 97 милиони долари.

Листата се состои од 25 кошаркари, а меѓу нив ќе ги издвоиме уште:
13. пик - Коби Брајант кој беше трампан во Лос Анџелес Лејкерс. Стана еден од најдобрите кошаркарите на сите времиња и заработи 303 милиони долари.
14. пик - Предраг Стојаковиќ од Сакраменто Кингс. Пред почетокот на сезоната 2015-16, Стојаковиќ беше ангажиран како директор за играчите на кралевите во развој и е генерален менаџер на Рено Бигхорс, екипа од НБА лигата во развој.
15. пик - Стив Неш од Феникс Санс. Откако си замина во Феникс каде го сакаа за тренер, Неш замина да работи како консултант во Голденс Стејтс Вориорс.
24. пик - Дерек Фишер од Лос Анџелес. Сезонава како тренер на Њујорк Никс имаше скор од 40 победи и 96 порази по што доби отказ.