Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Рамзи, не давај голови веќе

Познатиот велшки фудбалер на Арсенал, Арон Рамзи постигна гол во саботата во ФА купот против Сандерленд и ја продолжи мистеријата која започна како црн хумор, дека после секој негов гол умира некоја позната личност.

Што пишуваа весниците за нив пред славата?

Прашањето со што се занимаваат спортистите по завршувањето на кариерата е еднакво интересно како и прашањето за почетокот на нивната кариера. Со оглед на тоа што многу сајтови и весници во последните неколку години се дигитализирани, нивните архиви се достапни и може да се дознае како почнала раната фаза на суперѕвездите.

Не ми е криво за тоа што го пропуштив во младоста

Само во последните две и пол години Кире подигна 12 пехари со Барселона. Европа лани му се поклони за историскиот подвиг од 1.000 голови во ЛШ, а на Пољаците им одговари дека Македонија не е аутсајдер. За празниците чепнал од мрсното, но потоа тренирал двојно.

Анксиозноста ја победив на Олд Трафорд пред 75.000 луѓе

Од истоварање цигли во родниот крај, преку дождливите лондонски улици и живот со непознати Камерунци до деби на театарот на соништата во Манчестер.

Дебито на Левандовски за Лех Познан

Пред да пристигне во Борусија Дортмунд, играше во Лех Познан, неговиот втор клуб во кариерата каде настапуваше од 2008-ма до 2010-та. Да му го видиме дебито на еден од напаѓачите кои ја одбележаа 2015-та.

Од албумот на Феноменот Роналдо

На секоја прослава, коктел или пригодна вечера каде што се присутни сите поранешни и актуелни фудбалери, најголема гужва за фотографија е кај Луис Назарио Де Лима Роналдо.

Како Волкот слави со навивачи?

По триумфот на Арсенал во ФА купот против Сандерленд, англискиот репрезентативец Тео Волкот реши да повика еден навивач на теренот и да демонстрира како играчите треба да се однесуваат со најверните фанови.

Мејведер не ја познава ирската историја

Мејведер набројуваше неколку примери во боречките спортови во кои тој гледал класичен расизам. Го спомена и МекГрегор, но Ирецот му врати отворено.

Женава остана без нерви по голот на Лацио

Мечот меѓу Фиорентина и Лацио беше 0:1 до 92-та минута, а потоа во лудата завршница паднаа уште три гола за конечни 1:3. Камерите уловија реакција на калуѓерка по голот на Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Викендов бркајте мали коефициенти

И денешниот тикет на Мирјана се состои од пет предлози со мали коефициенти на кои предлага поголема уплата. 

Вардарки победнички ја отворија 2016-та

Во мошне тежок и неизвесен меч, ракометарките на Вардар според очекувањата го совладаа романскиот ЦСМ Букурешт во Скопје со 22:21 (11:11).

Тикетот на Мирјана

Во 2015-та неколку пати за една не беше добитен тикетот на Мирјана. Одиме со нејзините први предлози за годинава.

Мудро изведени прекини што гол значат

Колку пати сте биле сведоци на пребрзо изведување слободен удар и признат гол од страна на судијата кој го брои голманското време на местење жив ѕид? Анри, Меси и Фигуероа се само некои од фудбалерите кои го искористија голманското невнимание.

Путин одржа тренинг со руските џудисти

Претседателот на руската федерација се занимава со оваа боречка вештина од детството, а тренира џудо и натаму и покрај презафатениот распоред. Партнер денес му бил селекторот на руската џудо репрезентација, Ецио Гамба.

Како од фудбалери да направиш мајмуни?

На 4. април 2009 година, Волфсбург со 5-1 го згроми Баерн Минхен, а напаѓачот од Бразил Графите си поигра со гостите пред да го постигне петтиот гол.

Бундеслигата го има наследникот на Ноер

Со вакви паради и рефлекси, детево не е чудо што на едно видео има скоро 5 милиони прегледи, туку чудо е што знае до волку добро да брани на 7 години.

Ибра сам решава на кој дава автограм

Како што обично бидува со Златан, во зависност од неговото расположение и добра волја може или пријатно или непријатно да ве изненади. Затоа што е природен во секоја прилика.

Култот на личноста на Зидан и полувистините за него

Во јули пред 10 години Зидан ја заврши кариерата. За ова време се зголемија генерациите навивачи кои не го виделе Французинот во некое друго светло. За него важи дека е совршен играч, но ретко кој го познава како неверојатно груб човек.

Со што се пофали Реал Мадрид за новиот тренер

Флорентино Перез за тренерската смена се реши за вкусот на навивачите, а промоцијата на Зинедин Зидан ја продолжија со видео на јутјуб кое нема врска со неговиот тренерски капацитет. Инаку не викаме дека е лошо видеово.

Интернетот избрза со галењето на девојчето

Легендите на Ливерпул и на репрезентацијата на Австралија одиграа пријателски меч во Сиднеј, а на социјалните мрежи се фатија за еден навидум контроверзен момент кој нема врска со тоа што го помислиле.