ТРАНСМЕТ преку добро контролиран напад до победа над ОНЕ.ВИП

Екипите на Македонски Телеком, ФАКОМ и ТРАНСМЕТ отворија со победија в 18. коло во Бизнис лигата на Македонија.

ТРАНСМЕТ преку добро контролиран напад до победа над ОНЕ.ВИП
ОНЕ.ВИП 4-8(2-4) ТРАНСМЕТ
ОНЕ.ВИП: Илија Трајковски 6’ Јовица Наумовски 11’ Сашо Србаков 26’ Ненад Богдановски 32’
ТРАНСМЕТ: Кристијан Арминоски 1’ 33’ Бобан Велјановски 3’ 29’ 37’ Амер Скендеровиќ 19’ 20’ 39’
Екипата на ТРАНСМЕТ за само две минути успеа да дојде до водство од 0-2 во дуелот со ОНЕ.ВИП, но за кратко време екипата на ОНЕ.ВИП успеа да ги консолидира своите редови и да се врати во натпреварот со израмнување на резултатот на 2-2. При крајот на првото полувреме кај ТРАНСМЕТ во игра влезе  Амер Скендеровиќ кој со два гола во низа успеа да го однесе ТРАНСМЕТ на полувремето со водство од 2-4. На самиот старт на второто полувреме ОНЕ.ВИП преку Сашо Србаков кој настапуваше како голман играч успеа да намали на 3-4, но ТРАНСМЕТ беше присебен знаеше да застане на топка и да ја има контролата врз натпреварот па успеа да го добие овој натпревар со убедливи 4-8.
 
Еуролинк со задоцнет финиш во дуелот со ФАКОМ
Еуролинк 7-9(2-2) ФАКОМ
Еуролинк: Ивица Стефковски 14’ 19’ 40’ Раде Бакев 29’ 39’ 39’ Јорданчо Димиџиевски 31’
Факом: Бобан Китановски 3’ 33’ Селајдин Кадри 9’ 23’ Шенол Аџировски 32’ Боро Мисердовски 30’ 37’ Бојан Јовановски 36’ 39’
Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Еуролинк и ФАКОМ. На самиот старт екипата на ФАКОМ ја превзеде иницијативата и успеа да стекне предност од 2 гола, но екипата на Еуролинк успеа да го анулира водството и на полувремето да замине со нерешен резултат од 2-2. Во второто полувреме ФАКОМ преку одлично изработен напад и висока реализација дојде до преднос од 4 гола по што Еуролинк во своите редови внесе голман играч со кој успеа донекаде да го анулира водството, но времето беше сојузник на ФАКОМ кој го доби овој натпревар со 7-9.
 
Македонски Телеком во фер-плеј натпревар подобар од Систина
Македонски Телеком 13-9(9-2) Систина 
Македонски Телеком: Душко Симоноски 3’ 5’ 30’ Михајло Лзаревски 7’ 8’ Влатко Причков 11’ 14’ Влатко Манев 16’ 17’ 28’ 37’ Роберт Попоски 19’ Агрон Пацоли 35’
Систина: Александар Јаневски 4’ 36’ 38’ 39’  Игор Ѓорѓиевски 6’30’ Влатко Кузманов 27’ 32’ 32’
Во коректен и фер-плеј натпревар кој немаше резултатско значење силите ги одмерија Македонски Телеком и Систина. Во текот на целиот натпревар се играше отворен фудбал без резултатски императив, и на двете страни преоладуваа атрактивни потези и луцидни додавања, игра каква што впрочем го краси овој спорт. Екипата на Македонски Телеком успеа да реализира повеќе од шанисте кои и беа пружени па го доби овој натправар со 13-9.
12 април 2016 - 09:15