Што ти значи гостинска инвазија

Ако за Јувентус може да се каже дека има навивачи низ цела Италија или за Баерн низ цела Германија, тогаш што може да се каже за Бенфика? Тимот од Лисабон се брка со градскиот ривал Спортинг за титулата, на пет кола до крајот има два бода предност, а викендов спасија глава во 85-та минута против Академика на гости 1:2. Пази, на гости, а играат пред 20.000 свои навивачи.