Таг: гостинска публика

Фантастичен гест на навивачи на Келн пред гостување во Белград

Поимот фудбалски навивач по дифолт на многумина им значи џаболебар, човек без школо, некултура и слично но има примери кои го докажуваат спротивното. Таков пример доаѓа од Германија.

Гефле прослави победа со еден навивач

Шведскиот тим Гефле ИФ победи со 0-1 на гостувањето против големиот ривал Калмар ФФ а триумфот го прослави со еден гостински навивач кој пропатувал околу 1.120 километри до Калмар.

Жозе од сенка и чистачката што знае сè

Како дел од нивната кампања Head vs Heart, Топ Елевен и Жозе Мурињо решија да им прават скриена камера на најдобрите играчи на менаџер кои дискутираа за Европското првенство. Со помош на хигиеничарката, ги збунија.

Што ти значи гостинска инвазија

Ако за Јувентус може да се каже дека има навивачи низ цела Италија или за Баерн низ цела Германија, тогаш што може да се каже за Бенфика? Тимот од Лисабон се брка со градскиот ривал Спортинг за титулата, на пет кола до крајот има два бода предност, а викендов спасија глава во 85-та минута против Академика на гости 1:2. Пази, на гости, а играат пред 20.000 свои навивачи.

Тепачката меѓу навивачите на Олд Трафорд

Омразата град-град, клуб-клуб, навивачи-навивачи меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед е толку голема што ретко кога нивните дуели минуваат без инциденти. По голот на Кутињо синоќа, гостите запалија бакља (редок случај на Островот), а во еден момент неколку навивачи на Ливерпул влегле со нивно знаме на трибината каде стојат домашните навивачи по што изби тепачка која траеше 5 минути.