15 години од денот кога деца глумеа репрезентација и примија 31 гол

Ве чека квалификациски натпревар за Светско првенство, фудбалерите немаат средени документи, младинците имаат испити и мора да пуштите кого најдете. Така беше направен рекордот во фудбал кој ќе остане во аналите.

Кога се вели убедлива победа, најчесто се мисли на 3:0, 4:0, 5:0, а сè повеќе од тоа се смета за дебакл или срам. Е токму тоа и се случи на една фудбалска репрезентација на 11 април 2001 година.

Се работи за Американска Самоа (острови од Тихи океан) кој загуби 31:0 од Австралија, рекордна победа остварена на еден меѓународен натпревар, инаку квалификациски за Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја кој се играше во 2002 година.

Интересно е што Австралија два дена претходно ја совлада Тонга со 22:0, а тоа да ти било само најава за испишување рекорд во фудбалот. Од друга страна Самоа се соочуваше со огромни проблеми и поради бирократски проблеми не можеше да состави тим и го имаше само голманот кој имаше пасош.

Проблемите им се зголемија уште повеќе бидејќи играчите од младинската селекција имаа завршни испити. Единственото решение беше следново. Собраа деца кои во просек имаа 18 години, заедно со уште тројца на возраст од 15.

Натпреварот донесе два нови рекорди. Победата 31:0 е најубедливата во историјата на фудбалот меѓу две репрезентации, а Арчи Томпсон постигна 13 голови, со што влезе во историјата како стрелец со најмногу голови на еден репрезентативен меч.

Покрај двата рекорди имаше и два куриозитети. Томпсон кој носеше дрес со број 20 успеа да постигне 20 голови по ред за својата репрезентација, а на ФИФА и се отвори повеќе работи бидејќи мораше да го открие конечниот резултат на средбата. На крајот на семафорот стоеше 32:0.

Еве кај се на глобусот

11 април 2016 - 17:02