Вежбите на анонимниот тенисер од Србија

Она кога те бива од мал, веруваш во својот талент, вежбаш напорно додека другарите ти се шлаат во маало, па уште покажуваш на 15 години кои вежби се корисни.

 „Овие фотографии ги направив во април 2003 година за списанието кое веќе не постои. Бев хонорарец и сликав со филм. Дечково беше потполно непознат, имаше 15 години и беше срамежлив тинејџер. Ни покажуваше вежби кои на читателите би можеле да им бидат корисни. Се сеќавам дека колешката која работеше во маркетинг и која го организираше снимањето рече: ќе биде нешто од детево. Но тоа не го сфатив сериозно, бидејќи често се зборува така кога некој те носи на снимање кое не е интересно. Колку работи се случија за 13 години", вели Милош Лужанин.

11 април 2016 - 11:02