Лукоил со висок ритам до победа над Адмирал

Во вториот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија до победи стигнаа екипите на МЕПСО, Лукоил и Пекабеско.

МЕПСО со сериозен пристап до победа над Алкалоид

Алкалоид 2-6(1-5) МЕПСО
Алкалоид: Стефан Димовски 1’ 38’
МЕПСО: Кире Наумовски 2’ Виктор Петровски 3’ 7’ 13’ 25’ Диме Рошкоски 14’
Екипата на МЕПСО во дуелот со Алкалоид уште на самиот старт покажа сериозен пристап кој му овозможи да има префектно прво полувреме во кое стекна голема предност од 1-5. Екипата на Алкалоид во финишот на првото полувреме па и во текот на цело второ полувреме играше офанзивно со голман играч на голот како би ја анулирала предноста, но МЕПСО премина во затворен фудбал не давајќи му на Алкалоид да наметне офанзивна игра за победа на овој натпревар од 2-6.

Лукоил со висок ритам до победа над Адмирал

Лукоил 6-4(4-1) Адмирал
Лукоил: Игор Дамјаноски 3’ 23’ Марјан Цветковски 6’ Дејан Зиков 10’ 17’ 32’
Адмирал: Александар Лазаревски 20’ Мирослав Спасовски 27’ Спасе Новковски 30’ 32’
Минатогодишниот шампион Лукоил во дуелот со Адмирал влезе доста офанзивно играјќи отворен фудбал кој му овозможи да наметне свој ритам уште во првото полувреме кое успеа да го добие со високи 4-1. Во второто полувреме екипата на Адмирал како да најде противигра на Лукоил и по 10 минути игра успеа да намали на 5-3, но Лукоил со чести измени успеа да го одржи ритамот и дојде до победа на овој натпревар од 6-4.

Пекабеско темпирано до победа над АрцелорМиттал

АрцелорМиттал 3-6(1-2) Пекабеско
АрцелорМиттал: Перо Ризов 2’ Жарко Ивановски 24’ 31’
Пекабеско: Дејан Неделковски 13’ Слободан Игнатов 20’ 32’ Александар Димчевски 25’ Бобан Мициќ 37’ 40’
Во првото полувреме на самиот старт АрцелорМиттал постигна гол за водство од 1-0 по што следеше нешто позатворена игра од нивна страна оневозможувајќи му на Пекабеско да дојде до отворена позиција за гол, но во самиот финиш на полувремето Пекабеско успеа да направи целосен пресврт и со 1-2 да отиде на полувремето. Во второто полувреме Пекабеско заигра во вистински ритам успеа да ја наметне својата препознатлива игра и го доби овој натпревар со 3-6.

13 април 2016 - 11:20