Offside

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

Стеф Кари стана најплатен играч во НБА

Двократниот МВП во најдобрата лига на светот доби нов пет-годишен договор тежок 201 милион долари и стана најплатениот играч во НБА.

Се сеќавате ли на Шунзуке Накамура

Даваше врвни голови од слободен за Реџина, за Селтик и за Еспањол, а долги години беше и капитен на Јапонија.

Германија У21 е европски шампион

Со евроголот на Мичел Вејзер во 39’ од финалето на младинското Европско првенство на стадионот во Краков, Германија У21 ја совлада Шпанија У21 и го освои златото.

Вардар на мегдан со Барса, Металург против Бешикташ и Монпеље

Македонските клубови ги добија противниците во новата сезона од Лигата на шампионите. „Металурзите“ од Автокоманда можат да бидат позадоволни затоа што добија ривали по мерка.

Вардарки против старите познаници во ЛШ

Европскиот вицешампион во женска конкуренција, Вардар вечерва на ждрепката во Словенија ги доби противниците за новата сезона од Лигата на шампионите.

Вардар - Малме за 500 денари во Струмица

Управата на актуелниот шампион ја одреди цената за квалификацискиот дуел против шведски Малме и предизвика реакција од навивачите по социјалните мрежи.

Монпеље тагува по човекот кој ги направи француски Лестер

Најпознатиот урбан лик во фудбалска Франција, Луи Николан почина на 74 години од срцев напад во ресторан додека славел роденден.

Секоја маалска екипа би го сакала во тим

Замислете ви фали шести играч за фудбал и некој од екипа го вика братучед му за да спаси ситуација. Му ја нафрлаш во напад и после овој гол му викаш доаѓај секоја недела, ние ќе ти плаќаме.

Најлудата асистенција на Роналдо на Олд Трафорд

Кристијано Роналдо не научи да игра фудбал во Реал Мадрид и со оглед на богатиот осум годишен стаж на Бернабеу и оние 406 голови, веќе сме заборавиле што има направено за Манчестер Јунајтед. Додавањево е боли глава и не проаѓа без рипит.

15 години од незаборавниот Мундијал на триото Роналдо - Ривалдо - Роналдињо

Селекциите на некои земји од Светските првенства едноставно не се забораваат. Таква беше онаа на Бразил, силна, славна и култна која те мами да навиваш за нив. Покрај популарните тројца во напад ги имаа Кафу, Лусио, Жилберто Силва, Дида, Кака. Генерација на која секогаш ќе се навраќаме.

Најдобрата екипа во нашиот живот - Дрим тимот од 1992

На крајот од јуни 1992, пред точно 25 години, првиот официјален меч го одигра самата најфантастична екипа во историјата на тимските спортови. Таква репрезентација немало и тешко дека ќе има во блиска иднина.

Доктори во Чиле гледаа пенали за време на операција

На една клиника во Сантијаго, главниот град на Чиле, за време на оперативен зафат докторите ги гледаа пеналите на мечот Португалија - Чиле во кој славеше нивната репрезентација.

Наследник на Чави, Иниеста или Меси?

Бетис во своите редови има фудбалски бисер со страшно добри карактеристики и летово можно е да го облече дресот на Реал Мадрид. Игра во средина, има техника и визија како Чави и Иниеста, а брзина и дриблинг како Меси. Детево кое во полуфинале на ЕП У-21 им го испи мозокот на Италијанците, е иднината на шпанскиот фудбал. 

Елиминацијата на Португалија е одлична вест за македонските фанови на Роналдо

Иако е нелогично да навиваат против својот омилен играч кој е идол на милиони навивачи во светот, сепак мораше така, инаку ниту ќе го гледаа во живо, ниту ќе имаа некаква шанса да го допрат.

Не за џабе Барса му стави клаузула од 180 милиони евра

Фудбалерите на Германија се вторите финалисти во Купот на Конфедерации откако го декласираа Мексико со 4:1. Еден од јунаците на мечот беше Марк Андре Тер Штеген со своите одлични одбрани. Барселона неодамна му го продолжи договорот до 2022-ра година и стави огромна клаузула во договорот ако некој сака да го откупи.

Германија - селекција со конзистентност која секогаш цели кон врвот

Со пласманот во полуфиналето на Купот на Конфедерации кое го игра вечерва против Мексико, фудбалската репрезентација на Германија стигна до фантастичен скор со кој не може да се пофали ниту една друга фудбалска земја последните години. Тоа е, за Германија се работи.

Бугарски навивачи ја отворија „сезоната на инциденти“

Навивачите на Ботев од Пловдив синоќа тргнале на пат преку Македонија кон Тирана каде вечерва нивниот клуб игра во првото квалификациско коло против Партизани. Уште на граничниот премин Деве Баир направиле хаос, оние кои ја поминале границата со спрејови пишувале ’Македонија е Бугарија’, а македонската полиција ги депортирала најпроблематичните кои два часа го блокирале магистралниот пат Крива Паланка - Куманово. На крајот, оние кои стигнале во Тирана се тепале со локалните симпатизери.

Најлудиот пенал во кариерата на Тоти за кој има книга

На 29. јуни 2000-та Тоти со луда храброст го изведе сега веќе фамозниот пенал, го испружи Ван дер Сар колку што е долг и ја однесе Италија во финале на Европското. Незаборавен гол за филм.

Најлудиот пенал во кариерата на Тоти за кој има книга

На 29. јуни 2000-та Тоти со луда храброст го изведе сега веќе фамозниот пенал, го испружи Ван дер Сар колку што е долг и ја однесе Италија во финале на Европското. Незаборавен гол.

15 години од рекордот на човекот кој не смее да се врати дома

СП 2002 во Јапонија и Јужна Кореја го паметиме по лошата фризура на Роналдо, контроверзното судење со кое Италија беше елиминирата во осминафинале, но пред се по историскиот гол на Хакан Шукур кој на мечот за 3-то место, успеа да ги совлада домаќините за 11 секунди. 

Како судот го обели образот на навивачите на Ливерпул

Долгата три децениска сага за тоа кој е виновен за смртта на 96-те навивачи на Ливерпул кои загинаа во стампедо, може да има судски епилог на 9 август кога на рочиште ќе се појават шестмината обвинети полицајци.

Кога синот на Муамер ал Гадафи стана член на Перуџа во Серија А

Точно пред 14 години контроверзниот претседател на Перуџа потпиша договор со синот на тогашниот либиски диктатор. Саади остана две сезони во клубот, смени уште три тима, а денес е во затвор и ризикува смртна казна.

Фото на денот

Фк Пелистер се враќа на европска сцена каде вечерва со почеток од 20:45 ги чека тешко гостување против Лех Познањ во рамките на првото квалификациско коло од Лига Европа. Битолчани нема да бидат сами, патот за Полска го фатија и Чкембарите во Ултрас стил.

Бенфика користела бајач за да ја освои титулата

Навредите меѓу омразените ривали Порто и Бенфика се толку приземјени што едните со докази ги обвинија другите дека поткупувале судии и дека користеле услуги на бајач/гатач за да освојат титула.