Која лига врза најдолга серија без натпревар со 0:0?

Гардијан објави сторија во која одговара на прашања на љубопитните читатели. Сигурно ни сме дека тука има работи за кои прв пат слушате, а ќе ве интересираат. Како на пример за една легенда на Арсенал и единствен Англичанец со гол и автогол на една иста средба за клуб и репрезентација

Во тускиот фудбалски шампионат сезонава немаше натпревар со конечни 0:0 се до 9-то коло, но тоа не е рекорд. Во Хрватска првото реми без голови се одигра во 10-то коло, а во Молдавија во 11-то.
 
Она што веројатно е рекорд на сите времиња по ова прашање, лежи во одговорите кои ги дава Тони Мејсон во книгата насловена како „Страста на народот - Фудбал во Јужна Америка“.
 
Таму стои дека во аргентинската прва лига немало нерешен резултат со 0:0 меѓу септември 1936-та и април 1938-ма година. Оваа голгетерска серија завршила на 28 август 1938-ма година кога Тигре и Индепендиенте одиграле натпревар без голови после 538 средби.
 
Податок од кој дефинитивно треба да учат Французите кои се килават со голови многу често и завршуваат 0-1 и 0-2 гола.

Крис Никол (лево)

Другото интересно прашање на читателите се однесува на тоа дали во Англија на меч кој завршил минимум 1:1, имало еден ист стрелец.
 
Да и тоа неколку пати. Кога Астон Вила му гостувала на Лестер во март 1976-та, дефанзивецот на гостите Крис Никол сам го решил мечот кој завршил 2:1. Единствениот стрелец на средбата, кој инаку постигнал два автогола изјавил: 
„Го прашав судијата дали може да ја задржам топката“, а тој ми одговори:
„Не. Ова е мојот последен меч како судија и топката оди кај мене“.
„Ниту на мојот прв хет-трик за Астона Вила нема да ја добијам топката?“, му реплицирал Крис.

Четири години подоцна, на Кевин Бонд му успеало нешто, што тешко дека ќе се повтори во фудбалот. Во рок од пет дена дал 4 гола, ама на епски начин. На 25 и 29-ти октомври Норич одиграл 1:1 прво со Нотингем Форест, а потоа со Кристал Палас. Сигурно веќе ви е јасно кој е стрелецот на сите голови.
 
Во март 1988-ма, легендарниот стопер Тони Адамс стана првиот и единствен англиски фудбалер кој на еден меч за репрезентација постигнал гол и автогол. Тоа се случило на средбата против Холандија 2:2.
 
Двоен стрелец беше и на дуелот меѓу Арсенал и Манчестер кој завршил 1:1, во октомври 1989-та.
8 ноември 2017 - 12:30