Илија Несторовски - капитен и лидер кој го освои Палермо

Малку веруваа во него кога дојде. На прво место навивачите. Популарните коментатори и новинари после неколку недели веќе пресудија: „Не го бива Несторовски“. Денес Несторовски е вистински симбол кој го поти дресот и за него гине.

Има некој кој поради харизма, топлина и приврзаност се чини дека е од Палермо, иако доаѓа од многу далеку. Иако е роден во Прилеп, Македонија, на 1.000 километри од Сицилија и сицилијанството. Како во случајот со Илија Несторовски, бомбардер и капитен на Палермо.
 
Малку веруваа во него кога дојде. На прво место навивачите. Многумина од нив после трансфер пазарот на кој после заминувањето на Васкез и Џилардино, дојде само Македонецот, почнаа да го предвидуваат почетокот на тунелот во кој влезе Палермо. Потоа работниците, популарните коментатори и новинари кои после неколку недели веќе пресудија:
„Не го бива Несторовски“
Македонецот, кој беше без постигнат гол на првите четири гостувања на Палермо, погоди против Кротоне, а потоа во Бергамо против Аталанта постигна гол со извонредна координација и финиш.
 
Од тогаш во бавното градење доверба кај навивачите на Палермо, минатата сезона се појави мало светло само кај Несторовски, кој постигна 11 гола во неговата деби сезона во Серија А (една третина од вкупниот број на голови на клубот).

Тој знаеше да ја преземе одговорноста во тешките моменти и да ги доведе колегите до ентузијазам кој речиси да не постоеше. Испаѓањето во втора лига го сфати како предизвик, изолирајќи се од сите написи кои се појавија во медиумите за негов трансфер.
„Сакам да му помогнам на овој клуб бидејќи ми даде можност да заиграм во Серија А. Чувствувам дека му должам да го вратам онаму каде што заслужува“, изјави Несторовски за Газета дело Спорт.
И не само поради овие причини му беше доверена капитенската лента.
 
Несторовски го поти дресот и за него гине. Не се штеди и се обидува да ги понесе во тоа и соиграчите. По првиот пораз на Барбера против Новара, тој зборуваше како вистински лидер, укажувајќи ги проблемите со остри зборови.

„По тој пораз знаевме дека почнува нашето првенство. Тогаш сфативме дека во Серија Б не е лесно. Реков дека ако сите го дадеме максимумот, резултатите ќе дојдат и така беше“.
Откако ги кажа мотивирачките збовори, како и секој добар лидер, тој беше прв кој удри на педалата за гас и постигна четири гола на последните два меча со кои го однесе Палермо на врвот на табелата.
 
Денес Несторовски е вистински симбол на овој тим кој се обидува со тешкотии да се врати после падот. Во неговиот пристап има желба да го врати Палермо онаму каде што заслужува.
 
На денот на 117-от роденден на Палермо, тој напиша:
„Палермо денеска полни 117 години. Чест ми е што сум дел од оваа историја, како капитен, како играч, но пред се како НАВИВАЧ. Му честитам на раководството, на градот, на навивачите, што сум, ШТО СМЕ, најубавиот подарок кој Палермо може да го има“.
6 ноември 2017 - 16:11