Погрешните екцеси на Кристијано Роналдо

Тоа што Меси сезонава во Ла Лига има 12, а Роналдо 1 гол не смее да биде причина Португалецот на водство од 3:0 против Лас Палмас да прави гримаси, како да е 0:3. Вака излегува дека опсесија му се головите, а не Реал да победува. 

Кристијано Роналдо живее нурнат во свет на претерување. И во добро и во лошо. Борбата против просечноста во секое време, го тера да сфати дека тоа го казнува пред очите на целиот свет. Таа амбиција која ја појавува на секој меч го постави на патот да се мери лице в лице со Меси, што е непоимливо за другите смртници.
 
Проблемот е што тој прекумерен вкус да се биде решителен човек речиси во сè, некого измамува како што беше во неделата. Во одличната контра, совршено изведена од Рамос, Асенсио и Роналдо која кулминираше на најдобар можен начин од Иско, Португалецот го сврте грбот кон играчите кои му пријдоа да му се заблагодарат за совршената асистенција.
 
Сите го прегрнаа, а добија безмислен одговор од најдобриот.
 
Роналдо, кој беше далеку од тоа да ја сподели радоста, ниту гледаше во лицата на своите соиграчи, истите тие кои беа решавачки во секое од неговите достигнувања кои го направија да биде најголем во историјата.
 
Најлошо од сè е што овие гестови на Португалецот се далеку од тие што треба да претставуваат пример од кој ќе учи светот. Нема да му наштети ако подразмисли и помисли дека секој навивач на Реал ќе спие многу помирно ако гледа дека неговата звезда ја дели радоста за гол со неговите колеги. Тоа е бесплатно.
 
Неговите колеги го ценат и им е потребен, но понекогаш се губат со таквите негови навики.
 
Роналдо игра фудбал и до ден денес тоа е тимски спорт. И ако неговите соиграчи знаат колку е важно за нив, него треба да му биде совршено јасно дека еден против 11 е можно само во стриповите.
 
Реалноста е многу поинаква и големиот професионалец мора јасно да го заштити партнерот и соодветно да реагира со нив.
 
 
Намќорестиот Роналдо по асистенцијата до Иско

6 ноември 2017 - 13:27