Победата над Наполи тренерот на Сити Хосеп Гвардиола ја посвети на Жорди Санчез и Жорди Куишарто - каталонски политичари кои ги уапсија за призивање независност. На крајот од октомври парламентот на Каталонија донесе резолуција за независност на регионот од Шпанија - врз основа на скандалозен референдум.
Мадрид жестоко одговори, воведе внатрешно управување, го распушти тамошното судство и парламент. Многу политичари од регионот, вклучувајќи го и претседателот Карлес Пучдемон се обвинети за предизвикување хаос и по нив е распишана потерница.
Пучдемон е приведен во Белгија но набрзо пуштен со налог да не ја напушта земјата. А двајцата Жордиевци се зад решетки:
„Се надевам дека политичките затвореници брзо ќе се вратат кај своите семејства. Тоа што им се случи нив може да ни се случи и нас. За искажување на сопствено мислење. 11 политичари или активисти коишто никого не навредиле или повредиле завршија во затвор само затоа што барале гласање“, изјави Пеп Гвардиола пред мечот со Топџиите во неделата.
Гвардиола повтори и дека е потребен нов договор со шпанските власти за одржување референдум за независност на Шпанија на кој Пеп вели “Ќе може да се гласа и да се искаже својата позиција“. Тренерот во знак на поддршка на своите сонародници носи жолта лентичка - симбол кои се поврзува со независноста на Каталонија.