Митолошката НБА фигура која ја товеа со пиво за да се здебели

На 20 години пристигнал во САД како неписмен. Сите во фамилија му биле високи над 2 метри. На семејството на неговата идна сопруга им подарил 80 крави. Растел како овчар, а кариерата во НБА ја завршил со над 500 блокади. Кој е тој?

- Мануте Бол беше највисокиот играч во историјата на НБА лигата со 231 см (исто колку имаше Георге Мурешан), инаку роден е во Јужен Судан, каде растел како пастир на стадо овци.
 
- Мајка му беше висока 208 см, татко му 203, сестра му 203, а прадедо му 239 см.
 
- Кога имал 12 години: Видов еден лав кој лежеше под дрво. Едно од нашите животни од добитокот беше цело со рани и мислев дека тоа му го стори лавот. Му се доближив и го удрив со камен. Се разбуди, скокна и потоа избега. Тогаш ризикував да умрам.

- На 15 години почнал да игра кошарка. Тогаш бил висок 212 см и тежел 70 кг и кога се обидел да ја закуца, паднал и скршил 6 заби.
 
- Во Америка пристигнал на 20 години без да знае англиски ниту еден збор, а ниту да чита и пишува.
 
- Неговата статистиката од последната година на колеџ изгледа вака: 22,5 поени по натпревар, 13,5 скока, 7,1 блокови и 60% успешност од поле.

- Во текот на летото се хранел за да се здебели, внесувајќи 6.000 калории на ден, но имал слаби резултати. Најмногу тежел 91 килограм, а инаку обично имал 86.
 
- Држи рекорд на најмногу блокади во едно полувреме (11) и најмногу во една четвртина (8).
 
- Сиксерси се обиделе да го здебелат со многу литри пиво, но единствениот резултат е тоа што го направиле алкохоличар.

- Се пензионирал од кошарката со просек на блокади на секои 5 и пол минути и со над 500 во кариерата.
 
- Заиграл во Италија, во Форли. Одиграл два меча со 5,5 поени по натпревар и потоа бил исфрлен од тим.
 
- Пред да стапи во брак, на семејството на неговата идна сопруга им подарил 80 крави.
 
- По пензионирањето отворил школа за кошарка во Каиро, а еден од неговите ученици беше Луол Денг.

- Скоро сите заработки како кошаркар ги донирал на 200 негови роднини расфрлани во разни племиња, а со остатокот ја финансирал народната војска која се борела за ослободување на Судан од исламската диктатура, потоа формирал и здруженија на солидарност за сиромашните деца во Судан. Заедно со некои од погрешните инвестиции во САД, тој остана без сите заштеди.
 
- Мануте Бол почина на 47 години на 29 јуни 2010-та, поради проблеми со бубрезите. Кусо време пред да почине, на болничкиот кревет со гордост ја кренал тупаницата и извикал: „Успеав, успеав“, осврнувајќи се на подобрувањето на условите за живот во неговата земја.

- Чарлс Баркли: Многу луѓе го издвојуваат поради неговиот физички изглед, но ќе ви кажам една работа, ако во светот беа сите како Мануте, тоа би бил светот во кој посакувам да живеам.
 
- Додека спиеше нозете секогаш му ѕиркаа од постела, го блокираше речиси секој шут исто како што ги тепаше мувите, беше импресивен поради висината и линијата, тоа беше митолошка фигура од НБА терените. Беше пред сè посебна личност која донираше сè што имаше за да ја спаси својата татковина. Денеска ќе имаше 55 години.
7 ноември 2017 - 15:55