Offside

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите на невозможното во светскиот фудбал. Кога дебитирал, Лео Меси уште не бил роден.

Роденденско пиротехничко шоу на Сити Парк Бојс

Кошаркарите на Работнички ги срозија Струмичани со 51 поен разлика, а нивната најверна сенка истовремено направи луда роденденска атмосфера по повод 20 години од нивното постоење.

Шпанците играат баш најубав фудбал за око

Пет играчи, 19 контакти, 15 додавања, 16 секунди. Мајсторија.

Најјаката божиќна фудбалска атмосфера

Шалке и Келн играа куп натпревар, а нивните навивачи покажаа каква магична атмосфера може да се направи на стадион со жижици. Да со жижици, истите тие за кои бабите нè караат да не го избориме килимот. 

Како Французите го пречекале Трезеге кога промаши пенал во финале на СП

Главниот белег на финалето од Мундијалот во Германија 2006 го остави Зинедин Зидан кој се пензионираше со црвен картон, поради главата која му ја даде на Матераци. Но зад тоа финале има и други приказни, кои се тажни, но вредни за споделување.

Фудбалер во Серија Б даде 4 гола за 41 минута

Дуелот Тернана - Про Верчели заврши 4-3, а сите голови за домаќинот ги даде младиот Адриано Монталто кој му донесе прва победа на својот тим после цели два месеци. Монталто влезе на вечната листа стрелци на 4 гола на еден меч во Серија Б.

Марсело, Ковачиќ и Модриќ со тениско топче

Пред утрешното Ел Класико кое може да ја реши трката за титулата, играчите на Реал опуштено се загреваат со тениско топче.

Малака, врне снег па растура

Ламиа е град во централна Грција со околу 75.000 жители и се наоѓа на 213 километри од Атина. Таму во Купот гостуваше Панатинаикос а условите за игра беа како да ви кажеме. На крајот ПАО изгуби со 4-1 а грчките медиуми пренесуваат дека клубот е на работ од банкрот и пред финансиска пропаст.

Најдобриот детски писател меѓу фудбалерите - Тео Волкот

Невозможно е да се поверува но Волкот има 28 години. Како вчера да беше кога англиските топ-клубови се бореа за него додека беше средношколец, додека Nikе работеше со него на 14 години а на 17 заигра на Светско во Германија.

Затворот во кој фудбалот е закон

Лузира е името е најстариот затвор во Уганда со максимална безбедност, од која практично и нема потреба бидејќи луѓето не мислат на бегство, туку само на фудбал.

Македонија следниот месец ќе ги дознае противниците во Лига на нации

УЕФА на својот Јутјуб канал потсети и го објасни форматот на новоформираната Лига на нации, која претставува можност за помалите земји да стигнат до едно ЕП. Македонската фудбалска репрезентација е дел од Лигата Д која треба да ја освои за да оди директно на ЕП 2020. Натпреварувањето стартува во септември следната година, а ждрепката е наскоро односно на 24-ти јануари.

Нов гол на Трајковски за Палермо

Во 9’ минута од мечот Чезена - Палермо, македонскиот репрезентативец постигна убав гол за водство на гостите од Сицилија. Во ситуација кога го нема капитенот Несторовски, тука е Алекс Трајковски кој е решен да го врати тимот во Серија А. Ова е трет негов гол сезонава.

Како изгледа еден фудбалски меч во Северна Кореја

Англиски новинар се обидува да долови атмосфера од земја каде не е така лесно да се биде гостин и присуствува на квалификациски меч за азиски Куп меѓу Северна Кореја и Либан. Стадионот е полн, сите се скоцкани во бели кошули и црвени кравати, забрането е да се сликаат џандари, нема продажба на навивачки реквизити, тешко се стигнува до било ваква информација.

Теодосиќ ја покорува НБА со асистенциите

На мечот против Феникс Санс, кошаркарот на ЛА Клиперс Милош Теодосиќ демонстрираше дел од арсеналот на своите чудесни додавања: без гледање, меѓу нозе на противникот, преку цел терен. Клиперс ги победија Санси 108:95 а Милош имаше 6 поени, 5 скока и 8 асистенции - сите од шоуто „Харлем Глобтротерс“.

ФИФА ја преполови казната, Гереро ќе игра на Светско

Капитенот и најдобар стрелец во историјата на Перу Пауло Гереро ќе го оствари својот сон да заигра на едно Светско првенство, откако ФИФА му ја намали казната поради допинг.

ЈСП со воиграни акции до победа над Пекабеско

Екипите на Аџибадем Систина, ЈСП и Фабрика Карпош славеа победи во 12. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Што правел Фасоне на последното миланско дерби во Куп?

Милан и Интер за шест дена ќе се сретнат во четвртфиналето од Купот на Италија, натпревар кој беше повод за еден италијански новинар да ископа еден интересен податок кој сигурно не го знаете.

Како Папу од Аталанта спрема испит

Најхаризматичниот играч во Серија А сезонава откако направи мега-хит кој стана светски популарен, реши да се посвети на читање книги и учење.

Балканските топџии се острат за дербито

Јувентус - Рома, големото дерби за чие ривалство во Италија снимаа и неколку филмови се игра во сабота од 20:45 на стадионот на Јуве. Миралем Пјаниќ и Александар Коларов би можеле да бидат во главната улога на овој меч.

Парите од Азија, поважни од сопствените навивачи

Фудбалско дерби без рефлектори е тапа џонс, било да се работи за Вардар - Пелистер, Киево - Верона, а особено она најгламурозното каде играат Кристијано Роналдо и Лионел Меси пред 650 милиони луѓе.

Македонија во 2017-та со најголем скок во светот на рангот на ФИФА

Светската куќа на фудбалот ја објави последната ранг листа за оваа година, која за нашите фудбалери е историска во однос на тоа колку позиции успеаа да напреднат со евидентно подобрената игра која даде резултати.

Тренерот на Бристол Сити купил вино за Мурињо, овој не му дошол

Фудбалерите на Бристол Сити, членот на втората англиска лига во хиерархијата (Чемпионшип) направија сензација откако со гол во 93’ минута го елиминираа големиот Манчестер Јунајтед од Купот. Цел стадион знаеше како да ја прослави победата, а посебно тренерот Ли Џонсон.

Останавме без преноси од Лига на шампиони

Откако квалификациските натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија се испостави дека нема повеќе да одат на наши телевизии, ете ти уште една беља. МТВ ги загуби правата за пренесување на мечевите од ЛШ.