Некогашниот играч на Баерн Минхен а дете на Алијанца Лима, кој сега настапува за бразилскиот Фламенго падна на допинг тест на 5. октомври после мечот против Аргентина во квалификациите. Тогаш резултатите покажале дека во крвта имал траги од кокаин па ФИФА му изрече едногодишна суспензија.
Но по жалбата на правниот тим на Перуанецот и медицинскиот штаб на репрезентацијата, ФИФА ја ублажила казната и сега Гуереро ќе се врати на терените на 4. мај следната година или 41 ден пред стартот на Мундијалот 2018 во Русија.
„Никогаш во животот не сум користел дрога, нарушен ми е угледот. Во Перу е популарен традиционалниот чај од кока и секаде може да се пие па дури и во хотелот каде престојуваше репрезентацијата. Пиев црн чај со лимон, не сум луд да земам кокаин“, изјави Гереро по историскиот меч против Нов Зеланд во баражот кога Перу обезбеди пласман на Светско.
Гереро има 36 години но имаше голем удел во пласманот на Перу на Мундијал после 36 години.
Неговата репрезентација на Светско ќе игра во групата Ц со Франција, Австралија и Данска.