Монталто головите ги постигна во 5’, 26’, 39’ и 46’ минута:
Пред напаѓачот роден на Сицилија кој сега стигна до квотата од 11 гола, четири погодоци на еден натпревар даваа:
Рикардо Меџорини
Центарфорот кој сега игра за Киево, во 2009-та како играч на Читадела имаше покер против Авелино (4-0). Меџорини исто како Монталто вчера, сите четири гола ги дал за 41 минута. Меџорини важи за еден од подобрите стрелци кои играле во втората италијанска лига.
Едер
Една година после Меџорини, во 2010-та четири пати ја тресеше мрежата и италијанскиот Бразилец Едер кој денес игра за Интер. Тој и спакува четири парчиња на Салернитана во меч кој заврши 5-2. Интересно центарфорот кој настапуваше и за Сампдорија во тоа вонредно коло на Серија Б дал седум гола за една недела.
Таков подвиг имаше и Дрис Мертенс лани за Наполи кога даде 7 за 7 дена.
Пабло Гонзалес
Само неколку месеци после Едер, специјален ден си подари и Аргентинецот Пабло Гонзалес кој уште игра за Новара а кој еднаш му дал четири гола на Портогруаро.
Даниеле Мартинети
2010-та била сезона на покер во Серија Б. По Едер и Гонзалес, редот стигнал и на Мартинети кој во моментов ги брани боите на Сасуоло. Тој пред 8 години го прегазил Фрозиноне со четири комада (мечот завршил 5-3).
Пабло Граноче
Најдобриот странски стрелец во Серија Б не можело а да го нема на оваа листа. Уругваецот кој беше права напаст за голманите во Б, четири гола дал во дресот на Модена на гостувањето кај Кротоне во ноември 2014-та.