Зидан и Матераци беа главни актери на тоа финале, а од нивниот инцидент дури се направи и статуа. Тие всушност и беа единствени стрелци во регуларни 90 минути кои завршија 1:1.
Златниот пехар го подигна Италија откако славеше на пенали со 5:3. Кај Аѕурите погодија сите петмина: Пирло, Матераци, Де Роси, Дел Пјеро и Гросо. Кај Галските Петлиња прецизни од белата точка беа Вилторд, Абидал и Сањол, но не и Трезеге.
На шпицот на француската репрезентација не му било до никаков пречек, но навивачите покажале огромен респект и разбирање за кое сведочи еден негов познат колега.
„Изгубивме финале на СП од Италија, а наредниот ден беше организиран пречек од навивачите.Трагичар таа ноќ беше Давид Трезеге, единствениот играч кој промаши пенал. Беше многу тажен, па дури не ни сакаше да присуствува на тој собир, бидејќи се чувствуваше како лузер.Во еден момент почнаа сите да скандираат: Трезегеееееееее, Трезегеееееее, Трезегееееееее, по што Давид со солзи во очите им се обрати:`Овие денови се чувствувам како трагичар. Знам дека ве разочарав, но како што знаете секогаш давав сè од се за репрезентативниот дрес. Овие овации кои ги добив денеска од вас, најдобро покажуваат дека во животот не се бројат само трофеите и драго ми е што ми простивме. Фала ти Франција`.По новите скандирата, се сврти накај мене и потоа ни јас не можев да ги задржам солзите за момент.Беше голем играч и кај сите навивачи на Франција беше запамтен по голот кој ни ја донесе европската титула на ЕП 2000, а не по тој промашен пенал“.
Тиери Анри