Градските ривали од Милано последен пат се сретнале во Купот на Италија во 2000-та година и тоа токму во четвртфиналната фаза каде ќе играат и сега на 27-ми декември.
И на тоа дерби и на ова, своја улога има Марко Фасоне. Сега како извршен директор на Милан, а тогаш замислете како четврти судија.
53 годишниот Фасоне во 2003-та година бил назначен за директор на маркетинг секторот во Јувентус, потоа Де Лаурентис му понудил позиција во Наполи каде се грижел за стадионот како и за пробивањето на клубот на странскиот пазар.
Во 2012-та станал генерален директор на Интер, а од април годинава со официјализирањето на продажбата на Милан во кинески раце, ја презеде функцијата на Адриано Галијани.
Твитот за него гласи вака:
„Фасоне за да преживее работел како четврти судија“
#Fassone che per guadagnarsi da vivere faceva il quarto uomo...😂😂😂 pic.twitter.com/B62qweEmTp
— Antonio Servidio (@AntoServidio94) July 7, 2017
Инаку на тоа дерби пред 17 години, Милан бил елиминиран со вкупни 4:3.