Навивачката група Сити Парк Бојс веќе две децении е составен дел од тимот од Градски Парк, каде на вчерашниот меч против Струмица на големо се славеше нивниот јубилеен 20-ти роденден.
Најверните фанови на Работнички приредија спектакуларно пиротехничко шоу со кое потсетија на старите убави времиња, а кошаркарите на крајот ги отпоздравија со аплаузи.
Сити Парк Бојс славењето го почнаа со кортео, а на нивниот миленик Марин Докузовски му подарија шал.
Што се однесува до резултатот, Работнички - Струмица 108-57.
фото: basketball.mk