Работнички го совлада Куманото со 76:72 во борбата за опстанок. Домашните навивачи се погрижија на трибините да биде спектакл и направија кореографија со текст „менталитет“. Кумани исто така беа гласни и извадија парола против домаќинот.
КК Работнички се наоѓа во сериозна играчка и финансиска криза. Се наоѓаат во долниот дел од табелата, а на играчите им должат неколку плати. На дербито против МЗТ Скопје, Сити Парк Бојс удрија силно по градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
Работнички загуби дома од Феникс 2010 со резултат 79:87 и тоа им е петти пораз по ред од најмладиот скопски прволигаш. На навивачите им пукна филмот, ги построија кошаркарите пред трибина, им порачаа дека со својот однос и залагање не заслужуваат да го носат дресот и ги натераа да ги соблекуваат.
Раководствата се менуваат и само ветувањата остануваат за КК Работнички дека ќе добие нова сала. На навивачите им е преку дур и им оставија штосна и иронична порака во пресрет на утрешниот дуел против Чаир.
Работнички пред неколку дена го совлада Гостивар убедливо 98:63, ама без публика поради казната што ја доби клубот за навредите на навивачите кон првиот човек на КФСМ Перо Антиќ. И покрај тоа што немаа можност да влезат во сала, навивачите на Работнички успеаа да испратат порака.
Еден од основоположниците на македонската тифо сцена, Горан Костадиновски - Гокси утрово на 51 година почина во Скопје. Беше меѓу основачите на навивачката група „Комити“ а подоцна и идеен творец на групата „Сити Парк Бојс“.
Кошаркарите на Работнички ги срозија Струмичани со 51 поен разлика, а нивната најверна сенка истовремено направи луда роденденска атмосфера по повод 20 години од нивното постоење.
Навивачките групи на Вардар и Работнички организираат акција и повикуваат да се донира за семејствата на настраданите од големото невреме кое го зафати Скопје пред два дена. Пунктот ќе биде пред соборниот храм „Св. Климент Охридски“.
Јане крцат, Бојси грмат од гостинскиот сектор, а Фамилијата од својот коп поведува песна која што ја прифаќа цела сала. Во еден момент Мирза му фрла цепелин на Фрејзер за ерупција во „лименката“. Скопје има(ше) градско кошаркарско дерби какво што ретко кој главен град во Европа има.
Македонските ракометари од вечерва добија ново засилување на трибините во Таурон арената во Краков. Околу 50 навивачи на Работнички отпатуваа во Полска и ја бодреа Македонија против Хрватска.
Во пресрет на утрешното скопско дерби во Градски парк, навивачите на Работнички ја билдаат атмосферата со најава во која ќе ја видите нивната голема навивачка страст кон 14-кратниот првак на Македонија.
Пред почетокот на последното градско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички, група навивачи на центарскиот клуб одлучија да направат мини екскурзија низ делот од градот каде „не се јаде ниту домат затоа што е црвена боја“. За среќа, немаше близок контакт меѓу двете страни кои подоцна на мечот вербално се препукуваа.
Сјајот на големото градско дерби кое ќе го гледаме годинава во македонската кошарка, го најавија двете навивачки групи кои деновиве се натпреваруваат кој ќе направи повпечатлив графит. Навивачите на МЗТ ја потенцираа препознатливата боја на клубот, а оние на Работнички се инспирираа од скеч на К-15.