Таг: кк работнички

Тренерот на Работнички срочи убави зборови на тајм аут

Работнички го загуби градското дерби против МЗТ Скопје во салата Кале со резултат 56:70. Еден од советите на стратегот на домашниот тим, Горан Самарџиев гласеше вака:

Кошаркарите на Работнички на рапорт пред Сити Парк Бојс ги соблекуваа дресовите

Работнички загуби дома од Феникс 2010 со резултат 79:87 и тоа им е петти пораз по ред од најмладиот скопски прволигаш. На навивачите им пукна филмот, ги построија кошаркарите пред трибина, им порачаа дека со својот однос и залагање не заслужуваат да го носат дресот и ги натераа да ги соблекуваат.

Првоаприлската шега на Сити Парк Бојс се наоѓа пред општина Центар

Раководствата се менуваат и само ветувањата остануваат за КК Работнички дека ќе добие нова сала. На навивачите им е преку дур и им оставија штосна и иронична порака во пресрет на утрешниот дуел против Чаир.

Акцијата број 1 на дербито во изведба на цела петорка на МЗТ

МЗТ и Работнички одиграа дерби за мерак со голема неизвесност, навивачки шмек од страна на двете групи, пиротехника и без инциденти. Аеродромци славеа 91:87, а најдобар на паркетот беше Војдан Стојановски со 26 поени, 5 скока и 4 асистенции. Одиме со најубавата акција на мечот во режија на победниците.

Дивјачко однесување на мечот Чаир 2030 - Работнички

Од Катар се селиме во Првата македонска кошаркарска лига каде во 9. коло Чаир 2030 го пречека Работнички. При резултат 22:43, Арбин Рушити влезе во конфликт со интернационалецот од Работнички, Ерик Нотиџ и кога во еден момент малоумен навивач му влезе со боксови на Американецот.

Како Лазар Лечиќ со Работнички ја измамил цела ФИБА со се судии

Ако сакате да слушнете една добро позната генијална кошаркарска приказна, од оние уникатните и неповторливи од старо време, тогаш следните 60 секунди претворете се во уши. Ова го можат само ликови како Џаро и Лазо Лечиќ. Србите направиле одлична визуализација.

Работнички - МЗТ: Деца играат, родители ќе се тепаат

Апсурдни сцени ни доаѓаат од младинската кошарка во Македонија, каде на градското дерби за малку ќе се пресметаа татковците на играчите. Оди измери им го паметот.

Сити Парк Бојс до раководството на Работнички: Искомплексирани полтрони, лажни легенди, некадарен џган

Кошаркарите на Работнички доживеаа дебакл каков што не се памети во историјата на клубот. Загубија од Феникс со неверојатни 51 поен разлика. Навивачите се бесни и излегоа со дрско соопштение, а на влезот на општина Центар закачија транспарент.

Навивачите на МЗТ со транспарент: Перо Кантиќ

Градското дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички беше за момент во прекин, поради транспарент на домашните навивачи, наменет за претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија.

Цепелин на македонски начин кој заврши со пуста желба за забивање

Милош Мацура е српски кошаркар кој игра за Работнички. Има 31 година, а висок е 211 см или само 5 сантиметри понизок од Шек. Ај првиот, ама што е со вториот обид на таа висина?

Македонскиот спорт се простува од Буштур

Многу поранешни и сегашни кошаркарски работници, тренери, играчи, навивачи, се збогуваат со човекот кој го афирмираше овој спорт во земјава. Работнички остана без својот најомилен лик во клупската историја.

Никој не можел да го чува Буштур на баскет, ги тепал на бандери еден по еден

Пред четири и пол години имавме привилегија да направиме интервју со кошаркар од првата петорка на КК Работнички на кој тренер бил Лечиќ. Мастрафот што го имаме од него заслужува да се урами, бидејќи тоа што ни го раскажа го нема на интернет. Дебито на Благоја било врвно.

Легендарно фото на денот

Уф на што налетавме. Фотографија на КК Работнички, ама од сезоната 1992/1993 кога се формираше првата македонска лига. Каква фотка, какви легендарни ликови, какви времиња за македонската кошарка. Каков спонзор на дресовите. Ова е историја.

Какво дерби, пушти си порно

За време на вечното градско дерби кое овојпат убедливо им припадна на Аеродромци, еден возрасен човек најде подобра занимација.

Како Лазар Лечиќ ги строеше ветераните на Работнички

Во „Градски парк“ се одигра хуманитарен натпревар меѓу првиот тим предводен од Марин Докузовски и ветераните на Работнички кои на тренерската клупа ги водеше легендата Лазо Лечиќ. И на 79 години го тера истиот стил. Стручен, духовит и незаменлив лик.

Градски парк е во транс

По пауза од 9 години кошаркарите на Работнички ја прославија првенствената титула и ја прекинаа серијата на МЗТ Скопје кој 6 години не го даваше тронот. Работата во финалната серија ја завршија со резултат 3:0 и на тој начин стигнаа до титулата број 15. Се слави на големо во култната сала на центарци.

Прекин на дербито Работнички - МЗТ, навивач упадна на терен

На три минути пред крајот од третиот период, кошаркарот на МЗТ Скопје Пенов бурно реагираше зошто домашните навивачи го плукале од трибините па судиите го запреа времето а по неколку секунди и го прекинаа мечот зошто сега нив ги плукаа навивачи на МЗТ. На крајот делегатот во консултација со судиската тројка донесе одлука мечот да се доигра утре од 18 часот без публика.

Роденденско пиротехничко шоу на Сити Парк Бојс

Кошаркарите на Работнички ги срозија Струмичани со 51 поен разлика, а нивната најверна сенка истовремено направи луда роденденска атмосфера по повод 20 години од нивното постоење.

Несекојдневен настан на мечот Шкупи - Работнички во Чаир

Старо-новиот кошаркарски лигаш Шкупи синоќа мораше да му честита на Работнички кој убедливо победи 103-85, но мечот го одбележи необичен момент.

Што сè ќе поседува новата сала на Работнички во Градски парк

Откако Општина Центар го избра идејното решение за повеќенаменска сала - Градски парк, решивме да ѕирнеме во проектот на победниците на конкурсот.

Како ќе изгледа новиот дом на КК Работнички

После неколку години ветувања, идеи, сугестии и дебати, наместо старата и дотраена сала „Градски парк“ ќе се роди нов модерен објект.

Работнички добива нова модерна сала

Најтрофејниот кошаркарски клуб во земјава конечно ќе добие модерна сала каква што им приличи на славните „црвено-бели“.

Кога дете заигра за Никол Ферт Гостивар со ветераните

Македонија сигурно е единствената земја во светот каде најмладиот рекордер кој дебитирал во првата Супер лига имал неполни 10 години и играл со ветерани кои во тој момент можеа да му бидат дедовци, не татковци.