Во салата „Шабан Трстена“ во Чаир гостуваше најтрофејниот Работнички, а Чаирци покажаа дека едвај чекале прволигашки баскет па ја исполнија салата до крај.
Мечот го одбележа 13-годишниот Резарт Мемеди кој влезе во последната минута и нешто на паркетот и стана вториот најмлад играч кој заиграл со сениорите.
Рекордот кој тешко дека некој ќе го надмине и натаму го држи Никола Гајдаџиев кој ќе може да раскажува како на девет години заигра за Никол Ферт против тимот на Центар, средба која се одржа во Гевгелија.
Во чаирскиот состав гарантираат за Мемеди и велат дека таков талент многу одамна не се појавил во клубот. За очекување е Резарт наскоро да добие повик за младинските селекции а за некоја година и за сениорската репрезентација која е во драстичен пад.
Фото Via: infosport.mk