Македонскиот спорт се простува од Буштур

Многу поранешни и сегашни кошаркарски работници, тренери, играчи, навивачи, се збогуваат со човекот кој го афирмираше овој спорт во земјава. Работнички остана без својот најомилен лик во клупската историја.

Благоја Георгиевски Буштур замина во легендата. Целиот свој живот беше посветен на македонската кошарка, особено на најтрофејниот клуб во земјава за кого играше од почеток до крај на својата кариера - 1968–1984.

Црвено-белите од Градски парк изразија сочувство за смртта на Георгиевски:

Првиот човек на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ сподели на својот Фејсбук профил за моментот кога Буштур му го честитал изборот за претседател на МКФ:

Емил Рајковиќ кој во моментов е тренер во Казахстан:

Ѓорѓи Кочов, тренерот на МЗТ Скопје:

КК Гостивар 1954

КК МЗТ Скопје Аеродром:

Од МОК:

ФФМ

Благоја Георгиевски Буштур беше роден во Скопје на 15 октомври 1950 година. Целата своја кариера ја мина во Работнички, а во дресот на репрезентацијата на Југославија освои сребрен олимписки медал во Монтреал 1971, сребрен медал на Европското првенство 1971 и златен медал на Медитеранските игри 1971 и 195 година.

Слава му!