Инцидентот кој го сними мајка и која два пати ги предупреди глупаците дека ги снима, почна од еден дуел меѓу двајца играчи, што е обврска да го реши судијата.
Ама на терен скокна падобранец, веројатно татко на детето од МЗТ кој му се сипа на детето од Работнички во стил „немој ти на син ми така“.
И потоа влетаа и други, па имаше влечење, тегнење, бркање. Ја направија сељачката на меч на кој играа деца јеботе.
Видеото го објави КК Работнички на Фејсбук со следниов опис:
На денешниот натпревар каде што нашите најмлади кошаркари остварија убедлива победа, имаше немили сцени. Каде што родители од спротивната страна (мзт скопје) се обидоа физички да нападнат малолетно дете, кошаркар од тимот на РАБОТНИЧКИ.
Пред се ова е срам за кошарката, особено кога во прашање е натпреварување на малолетни деца до 14 години.
Нашиот став и мислење е дека вакви непосакувани настани не треба да поминат неказнети и се надеваме дека надлежните органи ќе превземат соодветни мерки.
РАБОТНИЧКИ Е СИНОНИМ ЗА КОШАРКА !
Од 3:00 почнува срамот