Работнички ја доби мајсторката против Пелистер со тројка ала Стефон Кари

Од Денвер, се селиме во салата „Независна Македонија“ во ОУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода, каде Работнички го урна Пелистер со 82:79 и со 3:2 во серијата стана последен полуфиналист во плејофот. Мајсторката ја реши Андреј Шошкиќ со јака тројка во последниот напад, по што настана делириум на паркетот.

Инаку натпреварот беше многу неизвесен, битолчани успеаа да се вратат од -16, но младиот Андреј Шошкиќ сам го реши на крај со 11 поени во низа. Следната сезона заминува во САД каде ќе игра во престижниот колеџот Стоуни Брук. Во полуфинале Работнички се среќава со ТФТ.

8 мај 2025 - 08:31