Како Лазар Лечиќ ги строеше ветераните на Работнички

Во „Градски парк“ се одигра хуманитарен натпревар меѓу првиот тим предводен од Марин Докузовски и ветераните на Работнички кои на тренерската клупа ги водеше легендата Лазо Лечиќ. И на 79 години го тера истиот стил. Стручен, духовит и незаменлив лик.

Лазо Гркот на кого му го дадоа тој прекар бидејќи на времето и Грците ги учеше кошарка, ги имаше на строј: Марјан Србиноски, Тодор Гечевски, Перо Блажевски, Перо Антиќ, Ристе Стефанов, Енес Хаџибулиќ, Александар Јончевски, Тони Симиќ, Борис Нешовиќ, Александар Димитровски...

Целта на натпреварот беше да се соберат пари за Ирена Танчева која треба да се оперира во Русија, а хуманитарниот меч беше убава можност да се видат сите овие имиња на едно место, како добиваат совети неповторливиот Лечиќ кој гу удри темелите на македонската кошарка.

Нема загубен меч за Лазо, па и на овој меч кроеше тактики и им ги кажуваше грешките на ветераните.

„Кај ги бркате бе, застанете на тројка, раширете се. 70 посто од времето топката е кај Мираковски…“

Фото и видео: basketball.mk

8 ноември 2018 - 12:10