Култната сала Градски парк ќе биде во целосно ново руво согласно стандардите на ФИБА. Со нова фасада и кров, потоа нови канцеларии, седишта, соблекувални, туш кабини, климатизација и подно греење. За реконструкција на салата, Работнички пред една година доби 500.000 евра, додека пред два месеци му беа одобрени дополнителни 1,5 милиони евра. Изградена е во 1970-та.