По пауза од 9 години кошаркарите на Работнички ја прославија првенствената титула и ја прекинаа серијата на МЗТ Скопје кој 6 години не го даваше тронот. Работата во финалната серија ја завршија со резултат 3:0 и на тој начин стигнаа до титулата број 15. Се слави на големо во култната сала на центарци.