УЕФА го објави списокот на телевизии и телекомуникациски оператори кои се стекнале со ТВ правата за пренесување на Лига на шампиони, а меѓу нив ја нема МТВ. Кај вторник патевме што нема пренос, па сега уште ќе ја нема ниту среда.
Ова значи дека во наредните три сезони 2018/2019, 2019/2020 и 2020/2021 натпреварите од најелитното клупско фудбалско натпреварување нема да одат на ниту една македонска тв куќа.
Правата за пренесување на ЛШ ги откупил Македонски Телеком, но за сега нема информации како ќе ги пласира на телевизија.
Оваа компанија ги имаше правата за ЛШ и ЛЕ и во периодот од 2012-та до 2015-та и тогаш на нивните корисници им ги нудеше преносите од двете натпреварувања да ги гледаат на каналите на Арена, со доплата од 199 денари месечно.
Повеќе на Спорт1