Offside

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите на невозможното во светскиот фудбал. Кога дебитирал, Лео Меси уште не бил роден.

Тренерот на Баер се посрамоти за сите пари

Место да ги учи своите играчи дека ваквите потези се неспортски, очигледно тие треба да го учат него. Баер Леверкузен ја елиминираше Борусија Менхенгладбах во Купот на Германија, а нивниот стратег Хеико Херлик направи потег со кој сигурно нема да се гордее ни жена му.

Клаудио Браво асли пеналџија

Пеп Гвардиола маестрално го ротира составот и за помалку важните натпреварувања му играат резервите кои во било кој друг тим би биле првотимци. Така голманот ветеран од Чиле ја искористи секоја дадена шанса сезонава и брани пенали како луд.

Ибра изведуваше слободен удар, а Погба го гледаше и учеше

По долгата пауза од неколку месеци поради повреда, Златан им се врати на головите во свој препознатлив стил. 12 години помладиот Погба стоеше до него за да научи некоја лекција, како може да се измами живиот ѕид со ниска топка.

Луд гол на Кавани по луда акција на Мбапе

Во 21’ минута од дуелот со Каен, тандемот на ПСЖ Килиан Мбапе и Единсон Кавани направија шоу кое ќе конкурира за гол на сезоната.

Денис Бергкамп - човекот со лепак на копачките

Пред 16 години Холанѓанецот го постигна фамозниот гол против Њукасл со кој влезе во легендите. Настрана од тоа голчиште, важеше за фудбалер кој ја лепи топката.

Свири му на секој контакт, да побудали

На 23 ноември 2002-ра година суперѕвездата на Реал Мадрид и добитник на наградата Златна топка за најдобар играч на светот првпат се врати во Барселона каде го сметаа за Јуда. Буквално секој контакт со топката беше проследен со свирежи од кои болеа уши.

Како Гаизка Мендиета ја накривил капата и станал диџеј

Во најдобрите денови од кариерата во Валенсија, легендарниот Шпанец често одел на журки каде што другар му пуштал музика но за да не го познаат во клубовите, ставал капа, наочари и застанувал зад пултот. Никој не можел да го препознае.

Најпргавите испади на Рикардо Кварежма

Португалецот важи за еден од најрасипаните фудбалери на денешницата. Скоро да немало натпревар да не удрил лакт, да не влегол со две нозе или отворен ѓон или да не штипнал и плукнал некој. Страшно колку е пргав.

Меси и звукот на стативата

Досега во сезонава 2017/2018 постигна 14 голови со 7 асистенции на 16 меча, но најголеми непријатели му се пречките и стативите. Ги искрши од гаѓање.

Натрапничкиот однос на Барса и кружењето околу Гризман

По случајот со Осман Дембеле кога Борусија Дортмунд разгласи дека Каталонците зад грб им го украле младиот бисер, а по суспензијата која што ја имаа од ФИФА пред неколку сезони, луѓето од „Камп Ноу“ пак се вмешани во интриги за трансфер.

Голем пречек за Перо Антиќ во Истанбул

Антиќ се врати на местото каде пред неколку месеци се радуваше на историска титула во Евролигата со гигантот Фенербахче, а турските навивачи го препознаа моментот и прекрасно го пречекaа.

Хокеарски тепачки во Загреб

Хокеарите на Медвешчак загубија во Загреб од последната екипа во ЕБЕЛ лигата со 1:2, а мечот го засени неверојатна тепачка меѓу хрватскиот хокеар Том Заношки и гостинскиот Крис Де Соуза. Покрај редовните „тегнења“ на мраз овде се грабнаа и на пат кон соблекувалната.

Менталитетот на Коби Брајант ме мотивираше да станам друг човек

Кошарката во редовите на Лос Анџелес Лејкерс не е иста во изминативе 17 месеци откако од паркетот се повлече Коби, човекот кој до толку е влијателен кај своите навивачи, што успева “да им го смени“ личниот опис.

Бразилецот кој се пропи во Русија, се излечи и чека повик за Светско

Пекол, чистилиште и рај се трите света низ кои поминал симпатичниот висок Бразилец Жо, центарфор кој играше за ЦСКА Москва и Манчестер Сити а од пропаста го извлекол Роналдињо.

Запознајте ги Иниеста и Меси од Твенте

Фредрик Јенсен е од Финска и има само 20 години, а Осама Асаиди е од Мароко. Одбраната на Витезе не е свесна каква лекција доби од ова нивно навидум едноставно, ама махерско двојно проигрување. Приемот на малиот на крај е за д-е-с-е-т-к-а.

Еден дрес, две бројки, 5 прстени, 33.643 поени

Со број 8: 833 мечеви, 19.755 поени, 8 Ол Стар настапи, 3 титули. Со број 24: 733 мечеви, 19.528 поени, 10 Ол Стар настапи, 2 титули.

Како заврши страшната серија на Селтик од 18 месеци без пораз

Во неделата во главниот град на Шкотска заврши непобедливата серија на Селтик од 69 меча по ред во домашните натпреварувања - со дебакл од Хартс 4:0.

Што имаат заедничко Ден Бош и бош ден?

Првото е име на фудбалски клуб од Холандија кој во моментов игра во втора лига, а второто го имаше нивниот напаѓач Дени Вербек на мечот против Ајакс 2. Срамотилаци друже, оди сокриј се негде.

Зошто Лукаку веќе не ги прославува головите?

На „Олд Трафорд“ никогаш не е досадно. Последна интрига која ги „закача“ навивачите е зошто центарфорот на белгиската репрезентација не ги слави головите ниту со соиграчите ниту со навивачите.

Валбуена во Фиго стил

Ваквите мајстории потсеќаат на мајстори како Фиго, но и Дел Пјеро. Французинот е стара искусна коска и знае дека во тој агол не се брани таква пласирана топка. Фенербахче Карабукспор 2:0.

Решено мистериозното убиство на НБА кошаркарот

Седум години траеше сагата и потрагата за убиецот на познатиот кошаркар Лоренцен Рајт кој играше во Мемфис, Сакраменто, Клиперс и други клубови. Сценарио какво не би можеле да предвидат ниту најлудите режисери.

Јунакот кој одигра 100 фудбалски мечеви по ред после победен рак

Дефанзивецот на Сасуоло, Франческо Ачерби ја одигра секоја минута на секој меч од 18 октомври 2015-та без да биде заменет, повреден, суспендиран или тргнат од тим. Можеби ова немаше да звучи сензационално ако не знаевте дека претходно излечил рак на тестиси.

Зошто беше грев да го држиш Ромарио на клупа

Во 1992-ра Ромарио изјави: Не патував од Европа до Бразил за да седам на пријателски на клупа. По мечот тој повеќе не доби повик за репрезентација. Следната година Бразилците се наоѓаа во опасност и им висеше учеството на СП. Селекторот Карлос Алберто мораше повторно да го викне најдобриот во тоа време за Бразил, а тој постигна два гола против Уругвај и ги однесе на Светско. Кој го освои СП 1994 во САД? Бразил.