Тоа е во најкуса верзија 20 годишното творештво на Коби Брајант изразено во бројки. Вкупно тоа изгледа вака:
1.566 мечеви
33.643 поени
7.047 скокови
6.306 асистенции
5 НБА титули
18 Ол Стар настапи
Легендата на Лос Анџелес Лејкерс цела кариера ја посвети на еден клуб за кој на 1 февруари 2010-та стана најдобар стрелец, рушејќи го рекордот на Џери Вест.
Во 2006-та постигна рекордни 81 поен против Торонто Репторс, што е втор најдобар ваков дострел во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот. Попрецизен од него бил само Вилт Чемберлен кој во 1962-ра даде 100 поени на еден натпревар.
На 34 години Брајант стана најмладиот кошарка во историјата кој стигнал до 30.000 поени во кариерата. И нема што повеќе да се зборува или повторува za популарната Мамба, кој синоќа скроз заслужено влезе во друштво на топ 10 великани чии дресови се повлечени во „Стејплс центарот“.
Во тоа елитно друштво другите легенди се Меџик Џонсон, Шекил О`Нил, Карим Абдул Џабар, Вилт Чемберлен, Елгин Бејлор, Гејл Гудрич, Џејмс Ворти, Џери Вест и Џемал Вилкс.
Пристигнувањето во сала
Повлекувањето на двата дресови
Се видоа со Алан Ајверсон
Потоа на журка каде нормално го има и Шек