Атлетико се жали до ФИФА

Натрапничкиот однос на Барса и кружењето околу Гризман

По случајот со Осман Дембеле кога Борусија Дортмунд разгласи дека Каталонците зад грб им го украле младиот бисер, а по суспензијата која што ја имаа од ФИФА пред неколку сезони, луѓето од „Камп Ноу“ пак се вмешани во интриги за трансфер.

Атлетико Мадрид пратил официјална жалба до ФИФА за тоа што Барса според нив ги кршела правилата и регулативите. Причина? Контактитe на Каталонците со Антоан Гризман и неговото опкружување. Во Мадрид се бесни што Барса сака да го скрши конкурентот и да го оддалечи од борбата за титулата - Атлетико е втор во Примера со само шест бода помалку од Каталонците.

Во жалбата, управата на „Јорганџиите“ се повикува на правилата на ФИФА каде пишува: „Клубот, кој сака да склучи договор со професионален играч, должен е својата намера да ја соопшти преку писмен пат до клубот, за кој настапува играчот за кој се интересираат, пред да стапат со него во преговори“.

Во јуни 2017 Атлетико Мадрид го продолжи договорот со Гризман до 2022 година кога ја повишија и сумата на откупната клаузула на 200 милиони евра, но веќе од следното лето 2018-та договорот на Гризман ќе биде достапен за 100 милиони евра.

Затоа тимот од „Ванда Метрополитано“ стадионот го цитираат и членот 18.3 од статутот на ФИФА: „Професионалецот има право слободно да заклучи договор со друг клуб ако неговиот договор со актуелниот клуб истекува или ќе истече во рок од шест месеци. За нарушување на ова правило следуваат соодветни санкции“.

Атлетико сега навремено се жали и тоа е логично. Во јуни 2005 година ФИФА ја казни Рома за трансферот на Филип Мексес од Оксер: стоперот дојде во Рим во летото 2004-та иако имал важечки договор со францускиот клуб каде израсна. Поради тоа Италијанците му платија на Оксер 5,3 милиони евра обештетување, играчот заработи 6-неделна дисквалификација, а Рома забрана за трансфери во два преодни рока.

Во 2007 година ФИФА сличен тек на настаните имаше и со трансферот на играчот на Ленс Гаел Какута. После две години од неправдата која „Сините“ им ја направиле на Французите, ФИФА се спремала парично да го казни клубот на Роман Абрамович и да им забрани трансфери во два преодни рока. ФИФА дури и напишала казна од 780.000 евра, но Челси ја добил пресудата на Спортскиот арбитражен суд во Швајцарија.

ШТО Е РАБОТАТА СО ГРИЗМАН?

Првите гласини за трансферот на фантастичниот Гризман во Барса се појавија по преминот на Нејмар во ПСЖ. Но од „Камп Ноу“ брзо заборавија на него: Манчестер Јунајтед исто пројавил интерес за него, а шпанските медиуми уверувале дека Дембеле и Ди Марија се приоритет на Валверде.

Во септември пак се појави информација дека Барса намерува да го потпише Французинот за 140 милиони евра. И колку што идејата му се допаднала на Меси, толку Атлетико има мака со трансфер забраната до 2018-та и не сака да се раздели со лидерот.

Во средината на ноември реномираниот Sky Sports се повика на Le10Sport и соопшти дека Гризман се согласил на 5-годишен договор со Барселона а паднал договор и за платата - 20 милиони евра.

Mundo Deportivo во декември напиша мошне уверливо: „Напаѓачот е главна трансфер цел на Барселона за летото 2018-та“. Изданието се повикало на инсајд во кој Каталонците веќе се зближиле со најблиските на Французинот, зборувале за трансферот а на крај добиле и согласност од самиот Антоан. Во преговорите учествувале генералниот директор на Барса Пеп Сегура и техничкиот секретар Роберт Фернандез.

На крајот од минатата недела Mundo Deportivo објави подробно: „После првичните контакти, лично се ангажирал и претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу. Тој се сретнал со сестра му на Антоан, Мод, која се занимава со договорите на Гризман (тој нема менаџер) и со нивните родители во еден ресторан во Каталонија каде страните си дале рака.

Официјалните лица од Барселона не ја демантираат информацијата за ужината. После мечот со Депортиво еден од директорите на Барса, Гиљермо Амор вака ги прокоментирал вестите: „Во светот на фудбалот неизбежни се шпекулации и вести: има многу луѓе кои контактираат со Гризман. Обврската на нашиот клуб е да одржува контакт со разни фудбалери“.

Тоа ја испровоцирало бесната реакција на Атлетико Мадрид.

Можен трансфер на Гризман активно поддржале и играчи на Барселона. Во разговор за каталонското радио Rac 1 Луис Суарез рекол: „Клубот секогаш ги бара најдобрите фудбалери, а Гризман и Кутињо се такви, тие се елитни играчи кои играат во одлична форма. Мислам дека ако заиграат за нас ги чека подобра иднина“.

Жорди Алба во интервју за шпанското радио Onda Cero исто радосно ги прокоментирал гласините за Гризман: „Антоан е топ фудбалер! Во последните години е лидер на Атлетико и покажа одлични игри. На Барса и треба такво засилување“.

Само тренерот на Барса Ернесто Валверде избегнал директен одговор и ја сменил темата на разговор за добрата игра на Иниеста против Депортиво: „Гризман е одличен фудбалер којшто не е во нашата екипа“, рекол Валверде и кажал дека нема што да додаде на таа тема.

Но најмногу од сите ситуацијата ја подгреа Диего Симеоне со својот коментар за L'Equipe: „Секако, Гризман може да оди во секој момент исто како Диего Коста и Арда Туран во своето време. Јас ги обожавам своите играчи и многу сакам да го гледам нивниот развој. Не сум неблагодарен човек. Ако некој играч дојде и ми каже: ’Тренеру, имам животна шанса да играм за конкретна екипа, сакам да си одам и ако направил се за мене како Гризман тогаш нема проблем. Знам дека сака да расте“.