Менталитетот на Коби Брајант ме мотивираше да станам друг човек

Кошарката во редовите на Лос Анџелес Лејкерс не е иста во изминативе 17 месеци откако од паркетот се повлече Коби, човекот кој до толку е влијателен кај своите навивачи, што успева “да им го смени“ личниот опис.

Еден ден по повлекувањето на дресовите број 8 и 24 кои беа во сопственост на Брајант, во Лос Анџелес на големо се раскажува за уште една приказна која на некој начин е поврзана со легендарниот кошаркар.
 
Навивачот на Лејкерски, Крис Хуерта стана хит откако на Твитер објави две фотографии. На првата е неговиот изглед на денот кога Коби Брајант го одигра последниот меч во својата кариера (април 2017-та), а на втората е од синоќа кога беше повлечен неговиот дрес на полувремето од мечот против Голден Стејт.
Разликата е евидентна, Крис за 17 месеци успеал да ослабе 77 килограми. Зошто и како?
 
Држел диета, не конзумирал шеќер и почнал редовно да вежба. Неговата мотивација за ова екстремно губење на килограми вели дека произлегла од менталитетот на популарната Мамба.
„Никогаш не сум бил посветен на ништо. Секогаш сум се откажувал, бидејќи сум си велел `Не можам да го правам ова`. Но еве ме 80 недели подоцна. Едвај чекам да дојде новата година за да си поставам нови цели“.
Честитки за неговата тешка работа доби и од сопственикот на Лејкерски.
А не сте знаеле за менталитетот на Коби, клик тука.
19 декември 2017 - 14:56