Offside

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите на невозможното во светскиот фудбал. Кога дебитирал, Лео Меси уште не бил роден.

Водителката и нејзиното читање на фудбалски резултати

Сосема доволно е да ги изгледате овие 20 секунди за да сфатите дека поголемо брукање на емисија, наменета за спортски преглед на резултати НЕМА. Задачата на водителката е една и единствена: да ги прочита точно.

Резервниот голман на Тотенхем има компјутерска играчница во подрум

Популарниот Јутјуб канал за фудбал Copa90 (1,8 милиони следбеници) бил на гости кај Мишел Ворм, резервниот голман на премиерлигашот Тотенхем.

За идентичниот гол на дедото и внукот

Феенорд викендов ја згази Спарта со 0:7, а клубот на Твитер објави едно видео со кое одбележа една многу многу ретка ситуација во фудбалот, а можеби и прва од ваков вид. Да се чуди човек.

Историскиот гол на Хамшик со неаполски коментатор

Во 30’ минута од мечот со Торино на гости, капитенот на Наполи го постигна 115. гол во дресот на омилениот клуб и го стигна Диего Армандо Марадона на вечната листа најдобри стрелци за Наполи. Трет е Атила Салустро со 108 гола а четврт Единсон Кавани со 104 погодоци во три сезони. За очекување е Словакот скоро да стане прв стрелец во историјата на клубот.

Да не ти е Бејл ќе земеше златен медал

Реал Мадрид стана единствениот клуб на светот којшто ја одбранил титулата Светски клупски шампион, откако со 1:0 го совлада бразилскиот Гремио во финалето. Младиот Хесус Валехо беше со екипата, но не бил пријавен во составот за финалето па кога Џани Инфантино им даваше медали, тој му рекол дека не треба да земе. Среќа целиот муабет го слушнал Герет Бејл.

Најбезумната лига во Европа се игра во Романија

Ако мислите дека најневозможните и смешни сцени се концентрирани само во мак-фудбалот, тоа значи дека едноставно не сте слушнале ништо за романскиот. Толку многу апсурди на едно место.

Историски снимки со Џордан на 22 години

Видеото е антологиско, бидејќи е со најдобриот на сите времиња кој и во 1985-та година летал под кошот. Тој што не гледал НБА во 90-те кога Ем Џеј го достигна врвот, не е свесен што пропуштил во животот. Штета што видеово трае само проклети 37 секунди.

Поинтелигентен сум од што мислите, ама не ви го покажувам тоа

Поминаа точно 10 години од дебито на сега 27 годишниот Балотели кој од што е глуп не игра за репрезентација. Инаку тврди дека не е глуп, а според односот ептен личи на глуп. Дебитираше против Каљари на 16 декември 2007-ма. Одиме со 10 негови најпознати изјави.

Знаете ли за најгрубиот меч во англискиот фудбал?

Девет крволочни лизгачки стартови за само 17 секунди. 12 години од лудилото на мечот Брентфорд - Сканторп.

Ова не го може друга екипа и точка

Ова што го игра Барса едно десетина година јасно е дека не е фудбал, туку уметност. Него муабетот ни е како може толку долго да трае? Ако некогаш им текне да направат листа нa топ 10 најдобри акции во новиот милениум, еве им доста сериозен конкурент за челната позиција. Ова е врв од фудбал. Кај им го испија мозокот на фудбалерите на Ла Коруња, па уште со гол ја завршија акцијата. Лудило.

Зошто постарите се сеќаваат на Сеп Мајер?

Сеп Мајер важи за еден од најдобрите голмани кои Германија ги имала низ историјата. Целата своја фудбалска кариера му ја посветил само на еден клуб, Баерн Минхен (1962-1980, 536 настапи). Во 1974-та станал светски првак со Западна Германија.

Дончиќ пак даде кош од соблекувална

Малиот кого го споредуваат со Дражен Петровиќ има рака сатар и само неколку дена по лудата тројка против Барселона, повторно даде кош од крајот на светот. Абе Родман и Шек слободно фрлање не можеа да погодат. Штета што му беше поништен поради тоа што бил досуден фаул во истата акција.

Како внесувате пиротехника на стадион? Еве вака

Ултраси од Тунис добија прашање во емисија како успеваат да внесат пиротехника при толку контроли на врата? Одговорот е оригинален.

Неверојатен прием на топка на Кварежма

Екипата на Бешикташ со 5-1 го прегази Османлиспор. Некогашното дете на Ајакс и играч на Ливерпул Рајан Бабел постигна хет-трик, Бешикташ го искористи поразот на Галатасарај и му се приближи на само два бода. Потег на мечот беше „штопот“ на Рикардо Кварежма.

Пероти секогаш се залетува како баба

Пеналот на фудбалерот на Рома за кој го изеде сеирот не е ништо ново. Тоа е техника која ја применува веќе подолго време и која скоро секогаш му носи голови од белата точка.

Двата комични моменти во Серија А викендов

Беневенто изгуби 1-2 од конкурентот за опстанок СПАЛ и по сè изгледа со една нога е во Серија Б. Но моментот на овој меч го имаше десниот бек на Беневенто, Маурицио Летиција. Претходно попладнево цела Италија му се смееше на фудбалерот на Рома Диего Пероти за изведениот и промашен пенал против Каљари.

Реал Мадрид ја одбрани титулата светски првак

Втора година по ред, шампионскиот Реал Мадрид го крена пехарот наменет за победниот на Светско првенство.

Малерозната кариера и новиот живот на Мајкл Овен

Требаше да стане младиот принц кој ќе го врати престолот на Англија на „проклетиот“ Мундијал. Но неговиот пик во кариерата можеби дојде премногу рано или можеби го утепа несреќата, онаа на која очибно се повикуваме во моменти на необјаснив пад. Како и да е, славниот шпиц на Ливерпул повеќе не се занимава со тоа што мислите.

Коментар на денот на селанецот за хулиганските нереди во Белград

Луѓето кои се занимаваат со земјоделие од утро до мрак се борат за секој денар, и некако не им е јасно како еден фудбалски спектакл во големите градови се претвора во крвава битка поради освојување на „некаква шипка“ на трибината.

Златан има бренд гардероба за сечиј џеп

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата вели дека никогаш не заборавил од каде потекнува, не заборавил на своите корени и дека решил да произведува облека за сечиј џеп.

Цел живот гинеш за репрезентација и не играш на Светско поради кокаин

Најдобриот стрелец во историјата на селекцијата на Перу и центарфорот кој на 18 години кинеше мрежи во дресот на Баерн Минхен нема да го оствари животниот сон да ја поведе својата земја на еден Мундијал.

Автогол по кој ти треба фластер и аналгин

Ова е еден од оние најретките автоголови на кој прво е глупо да се смееш, а второ нелогично е да обвиниш некој, бидејќи нема кривец. И трето и најточно: Многу боли.

И Џани Инфантино, шефот на ФИФА, има путер на глава

Актуелниот претседател на ФИФА Џани Инфантино е обвинет за „прогледување низ прсти“ за скандалот во турскиот фудбал со наместени натпревари пред пет сезони кога му беше десна рака на Платини во УЕФА.