Факт е дека Мајкл Овен ги осети на своја кожа сите неочекувани падови во кариерата во период од неколку години. Златното момче од Честер ја заврши кариерата во 2013-та, по серија на повреди од кои трепереше дека ќе заврши предвреме кариера и еден Пато, со таа разлика што зборуваме за играч кој ја освои Златната топка, Премиер лигата, Купот на УЕФА, Супер Купот на Европа и 4 Куп трофеи во Англија.
ПРВИТЕ УСПЕСИ И ИДНИНАТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРЕДОДРЕДИ
Мајкл дебитираше во Премиер лигата на 6 мај 1997-ма година и на британската публика веднаш и се претстави со гол за Ливерпул. Ништо неочекувано за момче кое на 9 години постигна 92 гола во велшкиот фудбалски шампионат.
Кога имаш играч со таква реализација на толку мала возраст, лесно е да се предвиди дека сите фудбалски фанови во Англија се насочени кон него. Всушност земјата имаше огромна потреба што поскоро да најде ѕвезда која ќе ја врати на врвот на големите успеси. Овен без сомнение беше вистинскиот човек за тоа.
Во деби сезоната постигна 18 голови, колку што имаше и години и тие беа доволно да ја освои титулата најдобар стрелец во Премиер лигата и пред сè да добие повик за СП 1998. Ако некој се уште имаше сомнежи за неговиот потенцијал, можеше веднаш да го промени својот став после овој гол против Аргентина во осминафинале.
ПРЕКРАСНАТА 2001-ВА, СЛЕТУВАЊЕТО ВО МАДРИД И ПРВИТЕ ЗНАЧИ НА НЕУСПЕХ
Врвот во кариерата му се случи во 2001-ва. Всушност за само една година Овен успеа да освои Куп на УЕФА, Супер Куп на Европа, ФА Куп, Лига Куп и Комјунити Шилд. Јагодката на шлагот пристигна со освојувањето на најголемиот индивидуален престиж, а тоа е Златната топка.
„На негова возраст, никогаш не сум видел таков играч. Подобар е од првиот Роналдо“ изјави во тоа време Пеле.
На 22 години, Мајкл го имаше фудбалот во свои нозе на светско ниво и се чинеше дека ништо не може да влијае врз неговата кариера. По 8 години престој во Ливерпул, одлучи да замине во Реал Мадрид. Избор кој излезе дека е погрешен и кој го донесе на почетокот на неговиот незапирлив пад.
Да се наметнеш во тим составен од Раул, Фиго, Зидан, Роналдо и Бекам е тешко за секој. Овен одигра солидна сезона и постигна 16 гола на 45 средби. Бројки кој не се доволни за клуб кој ја казнува просечноста, ако не дадеш 30 гола во една сезона. Со исклучот на Бензема.
По една година во Реал, Овен се врати во родната земја и го облече дресот на Њукасл. Во друштво со безвременскиот Ширер, тоа требаше да биде фантастично дуо, но златното момче веќе беше далеку од препознатливиот и опасен Мајкл Овен.
СЕРИЈАТА НА ПОВРЕДИ И НОВИОТ ЖИВОТ МЕЃУ КОЊИТЕ И ЛЕГЕНДИТЕ
За дефинитивно да му се уништат шансите за кам бек на високо ниво, “се погрижи“ самиот. Во текот на групната фаза на Мундијалот во 2006-та при еден удар од далеку, настрада неговото колено. Некои таа повреда ја нарекуваат вкрстени лигаменти, најлошата од која играчи паузираат со месеци. Тоа беше моментот кога му се срушија сите надежи.
Од тогаш следуваа повреди во низа, како и малку настапи и уште помалку голови за Манчестер Јунајтед и Стоук, последните два негови клубови во кариерата. Пензионирањето го најави на 19 март 2013-та со жалење што не успеа да го даде својот максимум до крај. Некој би рекол изгорена кариера.
Иако неговата страст за фудбал никогаш не изумре, сепак легендарниот англиски напаѓач својата среќа си ја побара во еден сосема поинаков и екстравагантен спорт, а тоа е трки со коњи.
Пред неколку дена, тој ја комплетираше и првата трка. Тоа беше натпреварување за добротворни цели на кое Мајкл стигна до финишот на второ место. Што не е лошо за дебитант во овој спорт, кој инаку вчера наполни 38 години.