Веќе во 8-та минута од средбата меѓу Спарта и Феенорд на семафорот стоеше 0:2, а стрелец на вториот гол на мечот беше Дилан Венте. Ова беше негов дебитански гол на неговиот петти настап во сениорска конкуренција. Дебитираше во прв тим пред 3 месеци против ПСВ.
Меѓутоа наместо да се зборува за младоста на овој деби гол, приказната одите малку подлабоко низ времето или поточно во далечната 1937-ма година.
Дилан Венте е внук на братот на Лин Венте (значи му паѓа дедо) кој замислете пред 80 години постигнал ваков идентичен гол за Феенорд.
Дилан викендов даде дебитантски гол во својата професионална сениорска кариера, а Лин го постигнал првиот гол на стадионот на Феенорд, Де Куип кој бил отворен во март 1937-ма (Феенорд - Бершот 5:2).
Лин Венте (1911-1989) настапувал четири години за Феенорд, а со Холандија настапувал на Мундијалите во 1934-та и 1938-ма година. Дилан немал можност да го запознае, бидејќи е роден 10 години по неговата смрт.
Страшно чудно е колку се слични головите на дедото и внучко.
🎥 | Zoek de verschillen... ☺️
— Feyenoord Rotterdam (@Feyenoord) December 18, 2017
⚽️ Leen Vente, 1937
⚽️ Dylan Vente, 2017#spafey #Feyenoord pic.twitter.com/gsyuUiLVtO
Инаку тој не го имитира само со головите.