Џеф Хорначек делуваше смешно кога си го чешкаше образот пред да изведе слободно фрлање во НБА лига, исто и неговиот колега од Јута Џез, Карл Мелоун кој си правеше муабет по што следуваше кош без коски.
Диего Пероти има сосема друг стил. Тој се залетува скроз бавно па го шутира пеналот. Голманот на Каљари Алесио Крањо му го прочита ударот и на некој начин го понижи фудбалерот на Рома чиј пенал изгледаше непрофесионално изведен.
Оние што не ја следат површински Серија А, веројатно знаат дека Пероти не изведува пенал на ваков начин за прв пат. Тоа е негова специјалност која многу ретко му носи грешка.
Статистикава покажува дека до 23 септември годинава Аргентинецот не утнал пенал во кариерата изведувајќи ги вака чудно. Првата утка ја бележи во 6. коло сезонава против Удинезе. До тогаш ефектот му е 10 од 10.
Утката на Пероти против Каљари овој викенд
#Perotti dal dischetto: Tiro lentissimo, #Cragno, rimasto in piedi fino all’ultimo blocca il pallone. Si rimane sullo 0-0. #RomaCagliari pic.twitter.com/yWuDAJpQwX
— Alessia N⚽️velli (@Alessia_Nov) December 16, 2017
Претходни пенали