На своите профили на социјалните мрежи Златан Ибрахимовиќ објави дека неговиот бренд A-Z сега ќе пушти во продажба не само машки, туку и женски модели долна облека.
„Еднаквоста значи квалитет“, напишал Швеѓанецот на Твитер каде ја објавил својата колекција (може да ја видите тука)
Еден комплет за жени чини 30-40 евра.
Првата колекција на брендот A-Z се појавила во продажба минатото лето.
„Тоа е едноставна облека. Таа е за секого, за луѓе од било кое потекло. Како моето Никогаш нема да ги заборавам своите корени и не ги заборавам луѓето. Кога јас почнував, немаше високотехнолошка опрема или нови патики за трчање за 400 евра. Не ни знаев дека патики за трчање може да чинат 400 евра. Јас тренирав во тоа што ќе го најдев на тврдата земја во домот на мајка ми. Немав ништо освен силна волја. Го добив тоа што го добив зошто ги искористив сите можности и тренирав понапорно од сите останати. А јас сум Златан. Сакам следниот Златан, дали ќе биде од Шведска или Бразил, да добие шанса. Спортистите успеваат благодарение на напорна работа, преданост и силна волја.
“, вели Ибрахимовиќ.
***
Бонус:
Кога Златан преминал во Манчестер Јунајтед, малиот Маркус Рашфорд најгласно од сите зборувал колку му значи можноста да игра со легендарниот Швеѓанец. Во септември фотографите приметиле дека Рашфорд носи боксерки A-Z. Го сликнале во нив за време на мечот против Базел при прославата на голот на Рашфорд.