Фенербахче убедливо ја совлада белградска Црвена звезда со 82-56, но за Македонецот ова беше едно од попријатните гостувања затоа што пред стартот на дуелот во „Улкер Арена“ имаше мала свечаност на која Перо го доби освоениот шампионски прстен и неколку други подароци од клубот и навивачите кои громогласно го скандираа неговото име:
#EuroLeague @FBBasketbol’un eski yıldızı @antic12pero, maç öncesinde şampiyonluk yüzüğünü aldı ve taraftarları selamladı pic.twitter.com/omTHA9BUj8
— Eurohoops Türkiye (@EurohoopsTR) December 19, 2017
#EuroLeague @FBBasketbol taraftarlarından @antic12pero’ya özel pankart 😂 pic.twitter.com/5SrtibPORv
— Eurohoops Türkiye (@EurohoopsTR) December 19, 2017
#EuroLeague @FBBasketbol taraftarları, eski oyuncuları @antic12pero’yu tezahüratlarla karşıladı. pic.twitter.com/9iQhmkvv40
— Eurohoops Türkiye (@EurohoopsTR) December 19, 2017
Гостите од Белград само во првата четвртина пружија некаков отпор а до крајот европскиот првак покажа зошто е фаворит за одбрана на трофејот во Европа, во мај на Фајнал Форот во Белград. После 20 минути игра Фенер имаше 41-33 а до крајот разликата само растеше за конечни 82-56. Прв стрелец кај тимот на Жељко Обрадовиќ беше Вонамејкер кој даде 15 поени, а по 13 запишаа Јан Весели и Џиџи Датоме.
Кај „црвено-белите“ 15 поени уфрли младиот Огнен Добриќ.
Фенер после овој триумф се искачи на 3. место на табелата по тешкиот пораз од Жалгирис пред само неколку дена кога загубија во последните секунди. Црвена Звезда на 13 меча има 5 победи и 8 порази а паркетот во Истанбул го напуштија со спуштени глави после низа од три славја (Реал, Ефес и Валенсија).