Аџибадем Систина преку контра-напади до победа над Халк Банка
Халк Банка3-6(1-2) Аџибадем Систина
Халк Банка: Дејан Петкоски 3’ Влатко Блажевски 26’ Алпер Тахир 39’
Аџибадем Систина: Бојан Саздовски 7’ Мирослав Неделковски 16’ 30’ Никола Трајковски 24’ Кристијан Димковски 28’ Горан Манов 40’
Одлично прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и Аџибадем Систина, веднаш по првиот судиски свиреж двете екипи започнаа со доста офанзивен фудбал, со многу шанси и на двете страни. Во 3та минута екипата на Халк Банка го отвори резултатот и најави ефикасен натпревар но радоста траеше кратко екипата на Систина преку својот голман со удар од далечина во 7та минута успеа да го изедначи резултатот. До крајот на полувремето екипата на Систина успеа да постигне гол по грешка на одбраната на Халк Банка и да дојде до водство од 1-2 на полувремето. Во второто полувреме двете екипи продолжија со виок ритам на игра, екипата на Халк Банка беше таа која ја превзема иницијативата со една цел, да дојде до израмнување. Екипата на Систина одлично ја имаше поставено својата одбрана, успеа да одолее на притисокот и преку контра напади константно да го зголемува водството. На крајот од натпреварот резултатот гласеше 3-6 во корист на Систина.
ЈСП со воиграни акции до победа над Пекабеско
ЈСП 8-3(3-2) Пекабеско
ЈСП: Љупчо Павловиќ 11’ 34’ 39’ Сабит Хусеини 14’ 32’ Давор Калиновски 15’ Сашо Георгиев 24’ 33’
Пекабеско: Мартин Здравевски 12’ Дејан Неделковски 15’ Јовица Левајковски 38’
Во првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу ЈСП и Пекабеско видовме цврст фудбал без многу шанси за гол, со игра на средината од теренот. Двете екипи се обидуваа со воиграни акции и удари од далечина да го отворат резултатот. Екипата на ЈСП во 11та минута успеа да искористи грешка на голманот на Пекабеско и да го отвори резултатот, но веќе во следниот напад екипата на Пекабеско успеа да дојде до израмнување. До крајот на полувремето екипата на ЈСП ја наметна својата препознатлива игра и успеа првото полувреме да го добие со резултат од 3-2. Во вториот дел екипата на Пекабеско со својот голман во фаза на напад се обиде да создаде играч вишок за да дојде до израмнување, но екипата на ЈСП го одби овој почетен притисок и продолжи во свој ритам преку чести контра-напади го зголемуваа своето водство. На крајот од натпреварот падна кондицијата кај екипата на Пекабеско што ЈСП го искористи за победа од 8-3.
Фабрика Карпош ја совлада некомплетната Уни Банка
Фабрика Карпош 8-5(4-2) Уни Банка
Фабрика Карпош:Александар Божиков 2’13’ 15’ 28’ 29’ Благоја Огненовски 17’ Љупчо Петрушевски 36’ Ѓорги Божиков 39’
Уни Банка: Ангел Петков 6’ 39’ 40’ Александар Кузинаков 18’ Ѓорѓи Пецевски 36’
Екипите на Фабрика Карпош и Уни Банка уште на самиот старт влегоа максимално мотивирано и со сериозен пристап. Екипата на Уни Банка беше десеткувана практично без замена од клупата. Фабрика Карпош ја искористи оваа консталација кај Уни Банка па со агресивна и пресинг игра по целиот терен на полувремето успеа да замине со предност од 4-2. Во второто полувреме бевме сведоци на иста слика пред се благодарение на одличната физичка подготвеност на Фабрика Карпош на која ионака ослабената Уни Банка не можеше да парира. На крајот Фабрика Карпош го доби овој натпревар со резултат од 8-5