Offside

Светскиот првак ќе ја брани титулата против Шпанија, откако заслужено, во голем стил и со пресврт ја доби Англија 2:1. Резултатот го отвори Ентони Гордон во 55 минута и потоа на терен имаше само една селекција, Аргентина. Тимот на Тухел се повлече целосно, а Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез тоа го казнија во 85-та и 92-ра минута. Меси мајстор со две асистенции и трето мундијалско финале. Аргентинците доминираа во вториот дел со 73% посед на топка и 13:4 во удари.

Меси е нерешлива енигма, Барселона оди во четвртфинале

По ремито во Лондон, фудбалерите на Челси капитулираа на Камп Ноу со пораз од 3:0. Меси стигна до 100 гола во ЛШ на 123 настапи, а првиот го постигна за рекордни 128 секунди во кариерата. Барса поведе 2:0 од првите два шута во гол.

Зошто Бобо Виери и Пипо Инзаги важеа за најголеми мангупи

Додека првиот е галамџија и сака да се пофали за тоа која девојка ја посетила неговата спална, овој вториов е закопчан до врат и на папараците им бега како на времето на стоперите. А бил позаебан играч од Бобо.

Најплатениот собирач на топки

Сте виделе ли човек со 14 освоени титули за Реал Мадрид од кои 3 во ЛШ, како и 5 Златни топки да трча по топка позади гол? Со оглед на тоа што нема да го препознаете на видеото, според параметрите сигурно ви е јасно за кој станува збор. Кристијано Роналдо во улога на совесен татко кој го поштедува синот.

Алексис Санчез е популарна дива која се докажува како голема загуба на пари

Откако му се приклучи на Манчестер Јунајтед исчезна, особено на настапот против Севиља во понижувачкиот пораз од ЛШ, типичен за играч кој го изгубил патот. Повеќе се разгледува неговото позирање со кучето на Инстаграм, отколку нивото на кое игра.

Локомотивата на европските таленти - Сергеј Милинковиќ Савиќ

Само е прашање на време кога претседателот на Лацио Клаудио Лотито ќе се ракува со милионерите од Париз, Мадрид или Манчестер за успешно завршена зделка за детето кое седеше на клупа во новосадска Војводина а од кого Римјаните направија ѕвер.

Себа Џовинко во Америка како Меси во Европа

Иако е висок само 163 сантиметри, ’Атомската мравка’ од меч во меч докажува зошто важи за главна ѕвезда во МЛС. Во дресот на Торонто синоќа постигна еврогол од слободен удар против мексикански Тигрес и го внесе својот клуб во полуфинале на американската Лига на шампиони.

Сакаш 10 метри да го продолжиме голот за тебе?

Голманот исплива, едниот играч падна, а другиот застана на гол за да го спасува без раце. И во таква ситуација црепот промаши. Се работи за фудбалер на Ал Ахли на меч во азиската Лига на шампиони.

Бебето кое сака да прави мексикански бранови

Роден за лидер уште од најрана возраст. Браво мали!

Мурињо пак одби да признае пораз и го обвини својот клуб

Само што влезе во игра шпицот на Севиља Висам Бен Једер во рок од 4 минути даде два гола и го исфрли Манчестер Јунајтед од Лига на шампионите. Жозе Мурињо после мечот имаше скандалозно излагање.

Сонот на Јане се оствари, се запозна со Пол Погба

Долго најавуваната средба меѓу Јане Велковски од Скопје и ѕвездата на Манчестер Јунајтед конечно се оствари. Погба го пречека малиот јунак и заедно со семејството го смести во ВИП ложата на Олд Трафорд.

Фото на денот

Ако на некој уште не му е јасно што му се случи синоќа на Манчестер, Мурињо, господинот 120 милиони евра, а особено на Крис Смолинг, ќе сфатите од фотографијава.

Дриблингот на сезоната во Лига на шампиони

Ако синоќа не ја гледавте Рома - Шахтјор, тогаш бидете сигурни дека сте го испуштиле мадафака потегот на сезоната во елитното натпреварување. Го направи Бразилецот Исмаили Дос Сантос, а еден навивач искоментира под видеото: Мене ме боли колено кога го гледам ова.

Кој губи има право да го бутне детето за топки преку реклама

Рома слави пласман во четвртфиналето на ЛШ откако со 1-0 го победи Шахтјор. Гостите од Украина (пола екипа Бразилци) изгубија нерви во финишот па Факундо Фереира со сета сила турна едно од децата што собираат топки преку рекламите.

Односот на фудбалер платен 120 милиони евра

Не за џабе Мурињо го седна на клупа. Што ако за него Манчестер изброи 89 милиони фунти?

Биг Бен Једер го олади Мурињо, Севиља го исфрли Манчестер

Фудбалерите на Севиља за првпат во клупската историја се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако на „Олд Трафорд“ го победија Јунајтед со 1:2. Рома патува во следна фаза после десет години.

Макпетрол со колективна игра до победа над Еуро Табак

Во првиот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Макпетрол, ЈСП и Аџибадем Систина.

Како се бркаа(т) Јуве и Наполи на табела

Главниот конкурент во борбата за титулата на Јуве изминативе неколку сезони му е Наполи кој никако да го направи тој исчекор за да го зграпчи толку посакуваното Скудето уште од времето на Марадона. Како да подзагубија чекор и овој пат.

Мурињо и новинарските (глупави) прашања

Жозе е еден од оние ликови кој или го сакате или го мразите. На моменти изгледа арогантен, на моменти комичен, ама секогаш е отворен и работите на новинарите им ги кажува (плеска) во лице, онака како што ги мисли. Ова е најновата компилација од тие негови циркузи.

Фризура на денот

Изгледа дека Маруан Фелаини е решен да биде трол број 1 меѓу англиските навивачи, се додека биде дел од англискиот фудбал. Ја објави својата најнова фризура со која ќе се појави на насловна страница во магазинот GQ Style. Гасете нетот, ама од штекер.

Па има ли нормален голман?

Со должна почит за нивниот лик и дело, ама ние веруваме во онаа маалската дека за да бидеш добар голман треба да си малку така.

45 години наполни „пит-булот“ Едгар Давидс

„Си лета времето“ е првата помисла на навивачите на Ајакс, Јувентус и Барселона кога му честитаат роденден на еден од најомилените нивни фудбалери во клупската историја.

Пат од 30.000 километри за да присуствува на историја

Оваа приказна не е за Барса, Реал или Манчестер, туку за новиот фудбалски клуб Лос Анџелес кој има верен еден фан во Австралија. Тие уште не заиграле во лигата, а тој си резервирал карта пред 10 месеци.

Додавањето на сезоната го има кој друг ако не „кралот“

Кливленд никако да се тргне од апатијата која ги држи сезонава. Имаат 6 порази на последните 10 меча заклучно и со последниот од Лејкерс. Сега се четврто место на Истокот. Единствен кој нешто игра е Леброн Џејмс.

Манчестер Јунајтед го пречека Јане од Скопје

Она што се најавуваше и се очекуваше дека ќе му се случи, му го остварија. Сонот на Јане Велковски стана јаве. Се наоѓа во Манчестер во друштво на големите ѕвезди кои ќе ги гледа во ЛШ.