Аргентинскиот селектор нема да добие отказ во скоро време поради тешката финансиска криза на аргентинската фудбалска федерација (AFA). Раководството на федерацијата нема пари за најосновни работи а камоли за одлука која би ги чинела премногу.
Хорхе Сампаоли се поставил мошне сериозно уште во фаза на преговори со сојузот: минатата пролет Аргентинците го откупија неговиот договор со Севиља за 1,5 милиони евра.
Положбата на Аргентина во квалификациите за Светско тогаш беше ужасна: 3 порази и 2 нерешени после 8 кола и само петто место. Клаудио Тапија, првиот човек на Фудбалската федерација ризикувал и со пари.
Хорхе потпишал договор на 5 години според кој треба да заработува 1,77 милиони евра годишно.
Аргентина некако со тешки маки успеа да се протне на Светското преку квалификациите (имаа и многу среќа зошто конкурентите губеа). Го имаа и Меси кој направи чудо на решавачкиот меч со хет-трик.
Во Русија на Мундијалот на Аргентина не и оди како треба иако се пласираше во следна фаза. Целата јавност бара отказ за селекторот Сампаоли но тоа нема да се случи:
Во случај на раскин на договорот до завршувањето на Копа Америка 2019, федерацијата ќе треба да му исплати на селекторот околу 20 милиони долари обештетување.
Пари од и онака сиромашната AFA не земале ниту неговите двајца претходници: Едгардо Бауза (поставен во август 2016, отпуштен во апил 2017) и Херардо Мартино (поставен во август 2014, отпуштен во јули 2016).
Тата Маритно не земал плата за последните 8 месеци на својата должност. Федерацијата немала со што да му плати а општите долгови им поранасле до 30 милиони евра. Дел од нив за луѓето од обезбедувањето ги покрил лично Лионел Меси.
Хорхе Сампаоли е шести селектор на Аргентина од есента 2008-ма кога главен селектор беше Диего Марадона. Од тогаш до денес „гаучосите“ стигнаа до три големи финалиња: два пати во Копа Америка (2015, 2016) и на Светското првенство 2014 но ги изгубија сите три.
Нема трофеи ниту стабилност, логистика и стратегија. Немаат ни пари да го отпуштат просечниот селектор, без кого може некако ќе станат подобри.