Со победите против Србија и Коста Рика и ремито со Швајцарија, Бразилците освоија 7 бода во групата Е и поради подобра гол разлика се пред Швајцарија која има ист број на бодови.
За нив ова е јубилејеен 10-ти пат по ред како завршуваат први. Последен пат тоа не им успеало во 1978-ма година и тоа за влакно. Тогаш освоиле 4 бода, исто колку Австрија, но Бразил имал една победа и две нерешени, а Австрија две победи.
Во тоа време за победа се освојувале 2 бода, а во група биле по 3 репрезентации.
СП ШПАНИЈА 1982
ГРУПА 6: Бразил, СССР, Шкотска, Нов Зеланд
СП МЕКСИКО 1986
ГРУПА Д: Бразил, Шпанија, Северна Ирска, Алжир
СП ИТАЛИЈА 1990
ГРУПА Ц: Бразил, Коста Рика, Шкотска, Шведска
СП САД 1994
ГРУПА Б: Бразил, Шведска, Русија, Камерун
СП ФРАНЦИЈА 1998
ГРУПА А: Бразил, Норвешка, Мароко, Шкотска
СП ЈАПОНИЈА И ЈУЖНА КОРЕЈА 2002
ГРУПА Ц: Бразил, Турција, Коста Рика, Кина
СП ГЕРМАНИЈА 2006
ГРУПА Ф: Бразил, Австралија, Хрватска, Јапонија
СП ЈУЖНА АФРИКА 2010
ГРУПА Г: Бразил, Португалија, Брегот на Слоновата Коска, Северна Кореа
СП БРАЗИЛ 2014
ГРУПА А: Бразил, Мексико, Хрватска, Камерун
СП РУСИЈА 2018
ГРУПА Е: Бразил, Швајцарија, Србија, Коста Рика