Фудбалерот на Пари Сен Жермен соработува со хуманитарниот фонд Premiers de Cordees од 2017 година. Оваа организација им помага на децата со ограничени можности да се занимаваат со спорт.
Килијан соопшти дека сите премии и бонуси што ќе ги добие за настапите на Светското првенство ќе ги даде во фондот. Тој заработува по 20.000 евра за секој настап за Франција на Светското и вкупната собрана сума ќе ја донира за децата со ограничени можности.
„Кога има време, Килијан со задоволство учестува на нашите хуманитарни акции. Тој одлично се снаоѓа со децата, секогаш одбира зборови за нив и ги поддржува. Мислам дека понекогаш Мбапе повеќе се радува од игрите со нашите деца отколку самите тие“, раскажал претседателот на фондот Себастијан Руфен и додал:
„Многу сме трогнати од гестот на Килијан, но знаеме дека тие бонуси ќе бидат активирани само ако репрезентацијата на Франција се пласира во четвртфинале. Затоа уште не гледаме толку напред“, изјавил Руфен пред неколку дена.
Мбапе со два прекрасни гола и една асистенција беше најзаслужен за триумфот против Аргентина од 4:3 со кој Французите отидоа во четвртфинале, а тој придонесе за нови радости за децата од Институтот.