Сите рекордни бројки на Мундијалот:
- Само еден од 48 натпревари од групната фаза заврши 0:0 (Данска - Франција);
- 36 меча по ред завршија со макар еден постигнат гол (рекорд)
- 9 автоголови во групната фаза ( рекорд), деветтиот стана јубилеен зошто бше 50-ти постигнат автогол во историјата на Светските првенства;
- Првпат минимум по два гола даде секоја од 32 репрезентации;
- На 48 меча се досудија 20 пенали (рекорд). Реализирани беа 15.
- Германија првпат во историјата не помина групи;
- Белгија првпат во рамки на еден Мундијал ја победи Англија и втор пат во историјата после победата на пријателски меч во 1936-та;
- Само една репрезентација не прими гол - Уругвај;
- Најмногу погодоци од сите постигна Белгија (9);
- Општа посетеност на сите натпревари е 2.178,894 гледачи или во просек по 45.394;
- Општа посетеност на фан-зоните (во сите градови вкупно) надминала над 5 милиони луѓе;
- Голот на Јусеф (Тунис) на 28 јуни против Панама стана 2.500-ти во историјата на светските првенства;
- Во репрезентацијата на Тунис на терен се појавија сите 23 играчи кои дојдоа на турнирот (слично беше со Холандија во 2014-та);
- Во нокаут фазата не влезе ниту една од 5 африкански репрезентации учеснички. Од Европа се пласираа 10 од 14 селекции а од Јужна Америка 4 од 5;
- Сенегал првпат во својата историја на Светските првенства изгуби во основното време и стана првата селекција во историјата која испаднала од групи поради фер-плеј показателот (жолти/црвени картони);
- Хари Кејн и Лукаку имаат 100% реализација со по 5 гола од 5 шута, односно 4 гола од 4 шута;
- Првиот меч на Бразил на Светското против Швајцарија во земјата го гледале дури 55,89 милиони гледачи на телевизија. Тоа најголем показател откако се мери гледаноста на спортските настани од 2006 година.
Преносот на бразлиската Globo го гледале 53,32 милиони гледачи, а FOX и SPORTV привлекле уште 0,35 милиони и 2,22 милиони гледачи.
- Преносот на првиот дуел на Англија против Тунис на BBC1 го гледале 13,73 милиони гледачи. Најмногу покрај екраните 18,6 милиони луѓе имало во моментот кога Хари Кејн го постигнал победничкиот гол. За Англија ова е најголем аудиториум во 2018 година - претходно лидер беше преносот на кралската свадба.
До финалето на Светско 2018 има уште две недели што значи дека ќе има нови рекорди.