Александар Коларов - ноќта во која се тресеше земјата

Последниот спортист кој во прво лице го раскажува своето минато за платформата „The Players' Tribune“ е капитенот на Србија и член на Рома. Коларов раскажува како се рушеле авиони во неговото маало и како се јачал со брат му за да стане тоа што е денес.

Беше тоа специфичен звук, можам да го чујам и денес кога ќе ги затворам очите. Не беа тоа сирени кои ги слушавме тие денови. Беше некако другачије. Нешто како на филм. Звучеше застрашувачки. Со другарите свртевме назад со точаците и брзо се прибравме дома.
 
Бевме на само неколку блокови од нашата улица и кога слушавме нов таков звук, силна експлозија погледнавме во небо и видовме како авион паѓа на земја. Од него излезе пламен и црн чад. Тоа беше воен авион, погоден над Белград, во близина на мојот дом. Таков беше животот во Србија во доцните 90-ти.
 
Дојдов дома и седев во соба неколку часа обидувајќи се да сфатам што видов. Војната не траеше долго. Кога почна бев среќен, бидејќи немав појма што се случува. Сè што знаев е дека часовите во школо беа откажани. Можев по цел ден да бидам со другарите и да играм фудбал.
 
Се сеќавам на ноќта кога падна првата бомба. Имав 14 години. Мојот брат Никола и јас седевме со мајка ми во дневна сеоба. Таа гледаше шпанска серија од која не пропушташе епизода. Имавме само еден тв и седевме со неа во тишина, збунети од тоа што го гледавме.
 
Влезната врата почна да се тресе без престан. Немав појма што се случува. Подоцна гледавме на тв: Белград таа ноќ беше бомбардиран.
 
 
Првите два дена не ја напуштавме куќата. Се обидувавме да заспиеме и покрај детонациите и звуците на авионите кои летаа над нас, што претставуваше ноќна мора.
 
За мене како млад тоа беше прилично збунувачка ситуација. Никој во нашето место не знаеше што да прави. Тоа е мало место во Војводина, сите се познаваме. Како што поминуваше времето, продавниците продолжија да работат и сите продолживме како да е сè најнормално.
 
А што ни преостануваше друго? Но сепак беше чудно. Ми фалеше школото. Имав премногу слободно време и никогаш немав помислено дека тоа ќе ми смета. Татко ми работеше во продавница, а мајка ми во локална фирма, па со брат ми имавме цела куќа само за себе.
 
Преку ден бевме во двор со топка, а пред нас имаше дрвена ограда која ни служеше како мрежа. Не беше сјајно, но се сеќавам на една работа. Кога ќе погодев во горниот лев агол имаше необично силен звук. Тоа ни беше смешно бидејќи тогаш комшиите се јавуваа.
 
Секогаш кога ќе се наместев да шутирам целта ми беше после тоа да ги чујам комшиите. Така знаев дека шутирам добро. Сакав да бидам како Синиша Михајловиќ кој и тоа како знаеше да шутира. Играше за Црвена Звезда, голем клуб од Белград. Беа легенди над легендите и освоија Куп на Шампиони во 1991-ва. Тогаш имав 6 години и тоа беше големо случување за ова поднебје.
 
 
Како што растевме со брат ми и војната стануваше се поразбирлива, го сфативме фудбалот како можност која не смеевме да ја пропуштиме. Се натпреварувавме еден со друг и се буткавме, а можеби и премногу.
 
Еден ден бевме сами дома, се каравме кој е појак и дојдовме до идеја да се залетаме од едната кон другата страна на сабота да скокнеме во воздух и да видиме кој кого ќе собори. Кога го раскажувам ова звучи глупаво, нешто како во филмовите со Џон Вејн.
 
Кога се затрчавме го уништив. Леташе во воздух и почна да вика: Викни го тато. Кога дојде татко ми лажевме дека Никола сам паднал, а тоа не помина. Го однесе во болница и се испостави дека му е скршена клучната коска. Беше занимливо кога му објаснувавме на докторот како се случи тоа. Таа битка ме направи посилен.
 
Во фудбалот сакав да бидам се подобар и подобар. Гледајќи што направи Звезда во 1991-ва, сакав се повеќе. Никогаш не ми замре желбата.
 
Кога играв во Чукарички 2004-та имаше еден момент кој добро го паметам. Играв за јуниорскиот тим на турнир во Холандија каде остваривме голема и неочекувана победа. Потоа тоа мене и уште петмина не прекомандуваа во прв тим. Тогаш Чукарички се бореше за прва лига, веќе имаа 23 играчи, но тренерот не беше задоволен и уште на прв тренинг не испрати на трчање.
 
 
Ни рече да истрчаме во шума пет круга и потоа да се вратиме. Тоа беа долги кругови. Ми текнува дека бевме многу уморни, времето беше претопло. После четири круга еден од момците предложи да застанеме, бидејќи никој не не гледа. Останатите се сложија, а јас тоа не можев да го сфатам.
 
Сакав да напредувам и го истрчав кругот најдобро што можев. Го завршив без никој да ме види и скоро се онесвестив. Не трчав поради тренерот или играчите, туку за себе. Таков сум јас и ако некогаш се снима за мене филм, ве молам да ја има таа сцена.
 
По неколку години, во 2007-ма заминав во Лацио. Тогаш прв пат можев да и помогнам финансиски на мојата фамилија, а таа ми беше сè на светот. На трансферот не гледав како голем успех, искрено за мене тоа беше само почеток. Се борев од резерва да влезам во прв тим. Во Рим научив многу и заслужив позив од репрезентација.
 
Се сеќавам на ветувањето кое и го дадов на мајка ми на 12 години. И реков дека еден ден сакам да заиграм во Премиер лига. Знаев дека без оглед на сè, еден ден ќе го остварам тоа.
 
Таква можност ми се пружи во Манчестер Сити. Правеа голем проект, а Премиер лигата беше врвот во светот. Тоа беше пред сè прилика за напредок. Летото пред трансферот играв со Србија на СП 2010 во Јужна Африка. Не се сметам за себичен играч, но прв пат тогаш почувствував колку повеќе играм за тимот отколку за себе. Се почувствував како војник.
 
 
Имав одговорност спрема знамето, дресот и луѓето дома. Знаев колку се горди како народ. Знаев од каде е таа гордост. Србите го поминаа она што некои народи не можат ни да го замислат, така што кога имаме прилика да се покажеме пред светот, го даваме најдоброто од себе.
 
Не ги остваривме резултатите кои ги посакувавме, но победата на Германија никогаш нема да ја заборавам. Тоа ни даде потврда дека сме фудбалска нација, дека тоа ни припаѓа. Тоа првенство ми дадоа самодоверба за периодот во Манчестер. Да се биде Граѓанин беше еден од моите најубави периоди во животот.
 
Две Премиер лиги, ФА Куп и два Лига Купови. Тоа нема да го заборавам и се разбира најдобриот момент. Сите знаат кога ќе чујат... Агуероооооооооооооооооооооооооо!
 
Искрено уште го доживувам Сити како свој клуб. Пред неколку месеци кога Сити беше блиску до титулата, со Џеко во автобус гледавме Манчестер Јунајтед - ВБА, на пат за нашиот натпревар. Јунајтед изгуби, што беше чудно бидејќи ВБА беше последен на табела. Манчестер Сити повторно беше син. Тоа беше убав момент за нас. Секогаш ќе се сеќавам на навивачите кои имаат посебно место во моето срце.
 
Сега сум повторно во Рим. По малку се осеќам како во 2010-та.
29 јуни 2018 - 15:40