Ако му фрлите око на конечниот пласман на сите 8 групи на ова Светско првенство, ќе забележите дека со исклучок на Германија која се посрамоти како последна во групата Ф, сè друго е очекувано.
Селекциите кои беа фаворити ги освоија челните две места во групите, што значи во осминафинале скоро и да нема залутана репрезентација.
Впечатокот е дека во најдобро светло се прикажаа Хрватска, Белгија и Уругвај единствените три земји со по три од три, кои допрва треба да видиме за колкав дострел имаат сили.
И сега се прашувате кој со кој може да се падне понатаму. Епа токму сега не чека најинтересното и најнеизвесното кога ќе се види на дело, кој е најмногу спремен физички, психички и тактички.
Во четвртфинале можно е да гледаме судир меѓу Роналдо и Меси, како и дуел Бразил - Белгија и Шпанија - Хрватска, а во полуфинале постои веројатност да бидеме сведоци на најголемото јужноамериканско дерби меѓу Бразил и Аргентина.
Сè се тоа претпоставки, но едно е јасно, пимплање топка како на Данска - Франција и Јапонија - Полска, каде Јапонците бранеа минимален пораз за осминафинале, повеќе нема да има.
Вистинскиот фудбал допрва почнува и ако ве мрзело да пополнувате, а сакате да видите готова шема што следува до крај, еве ми го на мегдан екселот.